Образование

Објавил: Калина Мартинска | 11 јули, 2024 9:55

Јаневска: МОН прави анализа во кои основни и средни училишта може да се организира едносменска настава

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Новата Влада ќе направи сѐ што е во нејзина можност да го намали чекањето за упис во градинките. Во разговорот за Радио МОФ, министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека приватните градинки се едно од решенијата за овој проблем.

„Во градинките или е преголем бројот на згрижени деца или воопшто нема градинки. Веќе сме сведоци дека локалните самоуправи почнуваат да го решаваат тој проблем. План на новата Влада е претшколското образование, во некое догледно време, да влезе во системот на образование под ингеренции на Министерството за образование и наука, коешто ќе работи на обезбедување услови за да можат повеќе деца да посетуваат градинка како и на прилагодување на програмите за воспитно-образовна дејност во градинките. Приватните градинки се едно од решенијата за проблемот со чекањето за упис, не верувам дека ќе бидат достапни за сите граѓани, но очекувам дека ќе го намалат притисокот во државните градинки “, рече Јаневска.

За најавената настава во една смена на ниво на цела држава, министерката Јаневска објасни дека тоа е програмската определба на ВМРО ДПМНЕ, дека се однесува на основното и на средното образование, и дека следи период на градење услови за да може да се реализира.

МОН ги враќа Историја, Географија, Биологија, Хемија и Физика, ама учениците од септември пак ќе учат по старите програми

„Некои училишта можат тоа да го изведат и сега, но има и училишта во кои се работи во две или три смени. Во моментов во Министерството се прави анализа, по што, онаму каде што има услови, ќе побараме тие училишта да работат само во една смена. Ова е значајно не само затоа што е поприродно учениците наутро одморени да доаѓаат на настава, туку и затоа што овозможува подолг престој на учениците во училиште и реализација на многу дополнителни наставни и воннаставни активности. Оваа практика во светот се покажала како многу корисна. Во договор со Бирото за развој на образованието, кое има изготвено наставни програми за бројни изборни предмети, тие ќе им бидат понудени на училиштата“, рече министерката.

Просечна оценка 3,25 на државната матура, МОН најави позаострени мерки против препишување од следната година

Таа објасни дека наставниците можат да ја користат слободата во процесот на поучување и со примена на разни методи, дидактички средства и слично, да ги реализираат наставните и воннаставните активности, со цел подигнување на квалитетот на образованието.

Можеби ќе те интересира:

И седмоодделенците ќе имаат учебници од септември, МОН и БРО најдоа преодно решение

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование