петок, 21 јуни 2024

MK/ EN/ DE



Јаневски за пример го посочи и случајот со пратеникот Зибери.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 септември, 2020 23:39

Јаневски: Владата на Заев нема да има долг рок!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше Дарко Јаневски кој воедно истакна дека сегашната влада на премиерот Зоран Заев нема да има долг рок иако тој се покажал како многу ефикасен во како што вели купување на пратеници.

„Заев се покажа умешен во купување на пратеници, не е спорно дека тоа ќе се обиде да го прави тоа и понатаму. Меѓутоа со 62 пратеника тие реално гледано тешко дека ќе можат да одржуваат собраниски седници, бидејќи практично е невозможно, за да се одржи седница мора да има 61 присутен и не е битно дали законот ќе го донесете со 41 или 40 гласови. Меѓутоа 61 мора да бидат присутни“, појасни Јаневски.

Јаневски за пример го посочи и случајот со пратеникот Зибери.

Зибери го носеа по посебни протоколи и да гласа во посебна просторија. А, тоа се случуваше бидејќи тој кворум од 62 пратеника е тешко да се обезбеди.Ако не го обезбедуваат тој кворум власта тогаш нема да можат да донесат ниеден закон кој што е системски, за кој што ќе треба 2/3 мнозинство. Има и одредени закони за кои што ќе е потребно и апсолутно мнозинство, и за тоа исто така нема да можат да ги донесат“, истакна Јаневски.

Според Јаневски, рокот на оваа Влада нема да биде долг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.