И случајно да не мислите дека „професионалците“ во МВР и Обвинителство не го знаеле ова? Веројатно јасно им било уште во првиот момент. Ниту се наивни, ниту се до толку аматери.

Објавил: Сара Фемина | 18 јули, 2019 15:29

ЈАНЕВСКИ: Како е спасена главата на рекетарската банда во „Рекет“?

Фото/Текст извор: ©денешен

Така што, јасно е дека половичната акција на МВР и Обвинителството, има за цел да ја спаси обвинителката, но таа е само второстепен играч. Целта е да настрада шутракот со ветување дека нема многу да го боли, а истовремено да не се стигне до главата на оваа мафијашко-рекетарска банда кој ја контролира и обвинителката, пишува во најновата колумна Дарко Јаневски.

Ајде замислете ваква ситуација: МВР и Обвинителството следат дилер на дрога. Тој ја продава дрогата на Бит Пазар, го снимаат и потоа пуштаат глас низ чаршија дека имаат снимка.

Малку потоа, склопуваат приказна и ја пласираат во јавноста. Дали ова ви личи на нешто што е нормална истрага?
Поинаку би било ако, а тоа го знае секој аматер, не пак професионалец, ако сите молчат.

Значи нема глас низ чаршија и нема приказни во јавноста, и го оставаат дилерот за да видат кому ќе му ги однесе парите и од кого ќе добие нова тура дрога за продажба. За да дојдат до тој, до главата на дилерите. И да дојдат до оној, од нивните редови, полицаец, обвинител или политичар, кој го штити главниот дилер.

Се разбира, ако се процени дека се нема капацитет за таква тајна операција, се бара странска помош, обично на две спротивставени места, која сето тоа ќе го поттурне, но и документира.
Така што, што од ова ви е понормално? Првото, кога фактички акцијата е прекината на половина и се уапсени некои потрчковци, а главите се на сигурно или второто, кога е оставено акцијата да дојде до врвот и до главата на операцијата, а не до некој потрчко со силикони кој им бил „фенси“ на скопските калаштури.
Токму првото е направено во акцијата со Боки 13, и во тоа очигледно учествувала и самата „жртва“, а требало да биде направено второто. За да се дојде до „обвинителот“ врз кого/која Боки имал „влијание“. А имал влијание затоа што е убав нели, а не за да даде дел од парите. Но, чекај малку, можеби Боки не требало да ги даде парите на обвинителот, односно обвинителката? Можеби, парите оделе кај друг, а тој друг, потоа им ги делел на сите. Секому според заслугата. Нели? Односно, секој според можностите, секому според потребите. Што би рекол Маркс, а богами, како што би рекла и Библијата (чудни се патиштата кога основното начело на комунизмот ќе го видите во Господовата книга, зар не?) И токму до тој требало да дојде акцијата. А не дошла. Што мислите зошто?
Така што, јасно е дека половичната акција на МВР и Обвинителството, има за цел да ја спаси обвинителката, но таа е само второстепен играч. Целта е да настрада шутракот со ветување дека нема многу да го боли, а истовремено да не се стигне до главата на оваа мафијашко-рекетарска банда кој ја контролира и обвинителката.

И случајно да не мислите дека „професионалците“ во МВР и Обвинителство не го знаеле ова? Веројатно јасно им било уште во првиот момент. Ниту се наивни, ниту се до толку аматери. Што би значело дека во сето ова свесно влегле. Исто како што сега свесно се пушта приказната дека кога МВР вршел претрес, Јанева свртела некои телефони.

Да, кај Трамп и Путин, бидејќи ги има на линија како Заев што директно го има Порошенко. Уште една комедија со која се обидуваат да ви ја потценат интелигенцијата. Демек, полицијата има налог да ве приведе, ви доаѓа дома, и наместо прво да си ја изврши работата – приведувањето, почнува да ви гледа во фиоките со тангите, оставајќи ви го телефонот и давајќи ви време да си вртите од него. Замислете само за момент, МВР да влезе вака кај убиец и да почне да му пребарува по фиоки, оставајќи му го пиштолот в рака. Глупост, нели? Ама ова не со Катица не ви изгледа за глупост?
Така што, бајката што ни ја продадоа има за цел и волкот да биде сит и овците на број: Боки во притвор, бизнисменот, кутар тој, намирен, Катица со оставка која не е оставка, а Заев со ореолот на борец против корупцијата, што секако ќе му влезе во биографијата (А, да, ова веќе го кажав пред два дена. Но, нели, повторувањето е мајка на…) Плус добиваме задоволна јавност која фаќа сеир од една страна, а од друга страна вели „напред премиере, само ти можеш да ја извојуваш оваа победа со корупцијата“. А кога ќе ги видам и прочитам таквите, навистина не ми е јасно зошто амебите вака не заебале.
Да, да, да не ги заборавиме и „бескомпромисните“ антимафијаши и анти терористи – Јовевски, Рускоска и третата, Спасоска, обвинителката со чиј амин убијците од Смиљковско се на слободата.

Истовремено, еден амбасадор, во сета оваа гужва кога врз Катица Јанева се ставени одозгора десетина гулаби да какаат, а одоздола седи цела сурија „борци против корупцијата“ и подаваат влажни марамчиња за да се брише и да ја бодри, амбасадор од оние кои ја претворија Јанева во ѕвезда, доби ненадејна желба да се појави на една од помизерните телвизии во Скопје и да се обиде да се измие, и тој и сите со него, од улогата што ја имаа во воспоставување на овој невидено рекетарски и коруптивен систем чија глава и натаму си го тера своето.

Се разбира, сега ќе ве лажат дека морало така, дека инаку не бивало, зашто ни ова немало да се постигне (брееј, јака акција, да го уапсиш потрчкото), дека морало дополнително од надвор да се интервенира за да не се сопре акцијата (додуше дел од ова е точно, но фактурата за тоа е вселенски голема), но сето тоа се бајки. Бајки, кои треба да ви создадат впечаток за некаква вселенска драма за да се уапси некоја или некоја силиконка, што се одзива на името Боки. И ако поверувате во ова, мора да сте… хммм, што ли мора да сте? Немам таков збор.

Така што, ништо од ова нема никаква врска со борба против корупцијата. Нормално, тоа не значи дека силиконот е невин, далеку од тоа и нека го крка тоа што го здрбил (иако, чисто се сомневам дека така ќе биде), но за да има некаков ефект, треба да се растури таа коруптивна банда наречена СЈО со едно чудо фризирани предмети (тоа и на оние кои се под 33 во главата им е јасно), да се исшутира онаа тројка на чело со Јовевски која завчера одржа прес конференција (и да се види дали можат да се најдат докази за кривично гонење, доволно е само одбивањето да го гонат Заев за поттикнување насилство на 5 мај 2015 година), да се расчисти со Кацарска и со тоа што се нарекува „Кацарска“ судство… И да не редам натаму.

Е, да тука е улогата на бандата новинарска која сега демек била изманипулирана, ама ќе продолжела да тера со нејзините идеи за правна држава, небаре не беше јасно на почетокот дека со диво обвинителство не може да се добие питома држава. Посебно што некои од таа банда веќе седнуваат во црвенот скут, така што допрва ќе гледаме бесплатни циркузи и фејсбук серии.
Ама, на таа банда и онака до тука и дал Господ, па затоа и не може поинаку освен ако не лиже од туѓа рака. Денес ваква, утре онаква, миена – немиена, сеедно, важно да е туѓа.
Патем, како тоа е извршен претрес во домот на Боки во Скопје, а не е извршен претрес таму каде што живее – во елитната населба во Орман и тоа во стан на едно министерче (хммм, од каде му на кутро министерче елитен стан од 200 и кусур м2)? Јовевски, тука сте со Рускоска? Спасоски, како е воздухот во Куманово? Чист е деновиве?
Или, театарот со влезот на станот на Катица на Аминта? Добро, Катица не е Алберт Ајнштајн, ама навистина некој очекуваше дека таму ќе се најде нешто? Јасна ви е сега програмата на Драмски?
Е, кога сме кај Јовевски, уште нешто. На завчерашната прес конференција, невидена досега за редовното и уставно ЈО, наспроти шарлатаните од дивото СЈО (кои излегоа на прес со ликот на онаа гуска во врела вода што дебелата жена му ја приготвува на Бекијарев на железничката станица во Среќна нова 1949) и ја нападна судијката која го ослободи Латас, велејќи дека таква би требало да биде избркана. Демек, нему, на великиот Јовевски, не му се допаѓала пресудата, па судијката требало да биде избркана. Што само по себе е скандал. Обвинител може да ја коментира пресудата, негова работа, ама да дава квалификации дека некоја судијка треба да биде избркана, е срам сам по себе.

При тоа, во исто време до себе ја има Рускоска со лажната и срамна квалификација за тероризам за „27 април“ и Кацарска со 211-те години. И тоа е во ред, ама оваа судијка требало да биде избркана.
Да бидам искрен, појма немам што правел Латас, ниту дали е виновен или не. Не ме интересира. Ете има Апелационен суд, нека си бркаат работа. Ама обвинител, во случај кој не е ни на неговото обвинителство, туку на СЈО, да и праќа на овој начин индиректни закани на судијка (тој е моќникот сега, нели, тој е изборот на Заев) не значи ништо друго освен дека новиот Закон за ЈО, за кој се преговара, може да помине само ако добие уште два услова: таа тројка што завчера се сликаше на прес – Јовевски, Рускоска, Спасоска – да добие црвен картон и да се види одново што од работата на СЈО во сите предмети има правна логика, а што рекетарско-политичка.

И патем, Уставнот суд, конечно да си ја изврши задачата кога е во прашање СЈО. Не туку дрдорете сите за правна држава, додека истовремено еве веќе четири години не малтретира некоја рекетарско обвинителска-судска и политичка банда под превезот на, пазете ви се молам, Чарлиеви ангели и европска држава. А без ниту нитка поврзаност со Уставот.
Ах, да, и за снимките кои биле депонирани во странство (ова се однесува на глупаците кои го поддржуваа овој систем, почнувајќи од фората со 500 000 фантоми).

Што мислите абдали, што кога копиите растурени низ цела држава и низ светот ќе дојдат и до раце на оние на кои вие не сте им по ќејф (всушност, веќе се таму, не?) Пак ќе плачете дека сте биле изманипулирани?

Боже, она седмото џуџе од Снежана да го имавме за претседател, премиер, министер и директор на се и сешто во оваа држава, подобро ќе поминевме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

На таа средба на Владе ќе му предложам нашата нова партија да се вика, едноставно, Најдобрата партија. Така на луѓето ќе им биде уште полесно да одлучат за кого да гласаат – за Најдобрата партија, нормално.

ГЕРОСКИ РАСПАЛИ: “Тешко дека некој од ВЛАДЕ МИЛЧИН и од МЕНЕ ќе направи ВМРОВЦИ”

Една лажна вест, искреирана од пропагандата на Грнето Зоран Заев, а објавена од Капачето,...

Освен Лиле Стефанова, чекам да видам и што ќе преземе Бранко Црвенковски. Да, да... тој Бранко Црвенковски кој се уште СДСМ го смета за свое дело, и свое дете.

Катица е донесена на чело на СЈО од смокварник, самобендисана и заслепена од сопствената неконтролирана моќ добиена на подарок

Скапи му се на Заев вицовите што Цацко му ги раскажува. Со Боки Тредичи и Цацко циркусот...

Нормално е дека ВМРО-ДПМНЕ печали од овој скандал. И нормално е ако вмровците можат некако да ви ја дозапржат чорбата, да го сторат тоа.

ГЕРОСКИ: “ВМРО-ДПМНЕ печали од овој скандал и ВМРОВЦИТЕ ако можат ќе ви ја дозапржат чорбата”

Другарки и другариња, ако ви е ноќен кошмар помислата дека Никола Груевски ќе ви се...