Одамна немам просведочено цинизам и арогантност на прес-конференција кон новинарски прашања, како денеска на пресот на министрите Ангеловска и Бектеши, особено од министерката за финансии.

Објавил: Сара Фемина | 22 мај, 2020 14:50

Јаневски: Министерката Ангеловска е арогантна и цинична кој се потсмева на прашања од новинарите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Одамна немам просведочено цинизам и арогантност на прес-конференција кон новинарски прашања, како денеска на пресот на министрите Ангеловска и Бектеши, особено од министерката за финансии. Некој требало да ја подучи кога ја поставија за министерка како се комуницираат новинарски прашања и како се одговараат, па дури и кога не си баш среќна за нив, оти најчесто се такви. А не да се потсмеваш во заднина или пак, како Бектеши да даваш квалификации за реченична конструкција, наместо одговор, напиша на социјалните мрежи новинарот Огнен Јанески.

Министрите за финансии и економија, Нина Ангеловска и Крешник Бектиши на вчерашната прес конференција ги нападнаа новинарите обвинувајќи ги за нетрпеливост и притисоци, па дури изразија и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања.

Одамна немам просведочено цинизам и арогантност на прес-конференција кон новинарски прашања, како денеска на пресот на министрите Ангеловска и Бектеши, особено од министерката за финансии. Некој требало да ја подучи кога ја поставија за министерка како се комуницираат новинарски прашања и како се одговараат, па дури и кога не си баш среќна за нив, оти најчесто се такви, вели Јаневски.

Колешките Александра, Наташа и Тања, како и колегата Иле имаа многу прецизни и стручни прашања, зашто со годиништа следат економски сектор, па овој однос е уште поинфантилен.

И на крајот, повторно и по 45 минути „одговарање“ прашања, јас сè уште не можев да им одговорам на гледачите во денешната емисија на следните прашањa:

1. Каде граѓаните ќе треба да се пријавуваат за платежните картички?
2. Кога граѓаните ќе треба да се пријавуваат за платежните картички?
3. Дали невработените граѓани кои не се во регистерот на АВРМ (неактивни баратели, но и невработени) ќе бидат земени предвид за да добијат платежни картички?
4. Како ќе се генерираат тие кои ќе добијат помош преку системот на УЈП? Каква е процедурата воопшто?
5. Дали сите студенти и млади до 29 години ќе добијат помош, доколку се на пример три студенти од исто семејство/домаќинство?
6. Кои се условите за да се добие платежната картичка?
7. Дали пензионерите со пензиски примања кои се пониски од 15.000 денари ќе добијат помош, односно ќе бидат во генерирањата за платежни картички?
8. Дали лицата со попреченост ќе бидат земени предвид за да добијат платежни картички?
9. Кои граѓани ќе можат да добијат платежни картички, како и зошто?
Многу прашања – клучни и основни.

Прашања без чиишто одговори не излегуваш на ниво на премиер и на двајца министри за да држиш прес-конференции за истите нешта два пати и притоа како министер/ка си со циничен однос кон прашањата на новинари, кои во секторот се десет години подолго од тебе. Па и да не се.

Таквиот однос ќе ти се одрази. Зашто доколку ние не ги пренесеме одговорите на граѓаните, тие нема да знаат што вие сте си уредиле. Истото е и кога најавувате да се активираат граѓаните, а нема никакви насоки дури ни на основните прашања – кои, како и каде?

Ама ќе било. Веројатно тамам пред избори. Како 100-те евра на Вучиќ пред да почне со онлајн-митинзите, пишува Јаневски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата.

Вице Заев: ВМРО ДПМНЕ да ги докаже тврдењата против мене

Братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев, преку писмена реакција до јавноста, ги демантира...

Неговиот коментар доаѓа откако Мицкоски денеска во во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери, потенцира дека тоа се луѓе што му помагаат на Зоран Заев.

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада или понеси одговорност

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков го...

Ех драги мои затунцанки бивши соборци. Муви имате уште за лапање. Скријте се таму и удавете се во својата пизма и завидл'к. Со задоволство ќе ви помогнеме 

Апасиев: Затоа ме мразат поише од Грујо!

  Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој e особено активен на социјалните мрежи,...