
Македонија
Фејсбук
За некого 27-ми април е “крвавиот четврток”, за голем дел од македонскиот народ е симбол на непокор. За жал специјалната војна против Македонија ја добија политичарите.
Македонскиот народ беше оставен сам на себе. Политичката елита го намести искрениот и чесен македонски народ.
Денес политичарите се на слобода покрај сето зло што го направија а обичните луѓе се во затвор.
Политичарите ја уништија Македонија, го уништија народот, го уништија минатото и ја уништуваат иднината.
Секој нормален млад човек веќе не се гледа овде, а тоа е најголемиот пораз за една држава.
Еден ден можеби ќе успееме да ја вратиме Македонија, но дотогаш народот треба да ги отвори очите и да прогледа, да виде што и направија на Македонија.
Еден ден ќе се открие кој, што, како и зошто реши 27ми Април да биде 27МИ АПРИЛ, до тогаш луѓето кои се жртви на овој монтиран процес ќе ги бројат деновите во затвор осудени во монтиран судски процес на повеќе од 300 години затвор.
Луѓето во затвор лежат како жртвени јагниња на политичките пазарења и тоа го знаат сите.
Тие игри и пазарења ЕДЕН ДЕН ЌЕ ЗАВРШАТ и ќе треба да се соочите со реалноста.
Еден ден ќе угрее сонцето на слободата, а тогаш и вистината ќе излезе на виделина.
Да живее Република Македонија‼️
Јане Ченто!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.