Скоро 20 месеци сум јас и другите во 4 ѕида по 23 часа во ќелии од 7м2….за хигиената не ми се ни зборува сите имате гледано слики како е Шутка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јуни, 2019 12:29

ЈАНЕ ЧЕНТО СО ЕМОТИВНА ПОРАКА: “Син ми на 15 јули ќе полни 4 години го немам видено 20 месеци„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во Шутка изминативе скоро 20 месеци и по ќелии и на шетња сум бил со многу луѓе, македонци, албанци, роми, срби, бошњаци итн, и верувајте никој не сака проблеми од затворениците, секој си има свој проблем и си гледа како да се спаси од оваа неправда што се прави, пишува во пораката на Фејсбук Јане Ченто, кој е осуден за настаните од 27 април.

 Јас сум осуден со првостепена пресуда и јас барав да одам во затвор пред правосилност на пресуда бидејќи жалбата ја подготвувам.

Скоро 20 месеци сум јас и другите во 4 ѕида по 23 часа во ќелии од 7м2….за хигиената не ми се ни зборува сите имате гледано слики како е Шутка. Како сите осудени што бараат да одат пред правосилност во затвор и ја така побарав и не гледам причини да се дига галама околу тоа дали ќе сме оделе Идризово и кој бил таму од страна на осудени или обвинети лица, бидејќи и таму се осудени лица кои издржуваат казни пред правосилност или по правосилност така да не барам посебен третман, како за сите затвореници така и за мене. Еднаквост, порачува Ченто.

– Во Шутка изминативе скоро 20 месеци и по ќелии и на шетња сум бил со многу луѓе, македонци, албанци, роми, срби, бошњаци итн, и верувајте никој не сака проблеми од затворениците, секој си има свој проблем и си гледа како да се спаси од оваа неправда што се прави…

Така што, ве замолувам сите, особено медиумите, не подгревајте тензии без причина, нема потреба од страв дали некој нас или ние на некој нешто ќе направиме, ако се случи, не дај боже нешто се случи, ни први ни последни ќе бидеме.

Се разбира дека нема да провоцираме ние и се надевам нема никој нас да не провоцира бидејќи гледаме да излеземе што побрзо од затвор и што побрзо да ја победиме оваа неправда која ни ја сервираа елитите, како нас така и за многу други случаи за кои сеуште не е излезена вистината на виделина, вели Ченто.
– Ако некој не знае да му кажам, во притвор малолетно дете не смее да дојде на посета, така што мојот син кој на 15 јули ќе полни 4 години (48 месеци) го немам видено 20 месеци, некој од нас и повеќе време ги немаат видено своите деца, и да ќе одам во Идризово без разлика дали има безбедносен ризик за кој се надевам надлежните ќе преземат се за да се смали тој ризик, одам за да си го видам синот, да си ја гушнам фамилијата после 20 месеци…

Дали вреди да бидам под ризик за тоа, да.

Борбата за Македонија продолжува било во затвор или на слобода.

Бог да ве благослови сите и Бог да ја благослови Македонија.

Да живее Република Македонија! Правда за сите, пишува Ченто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Фрчкоска најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.

Адвокатката на Јанева најави барање за укинување на притвор- ќе излезе ли Катица од затвор?

Ирена Фрчкоска, адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева,...

И покрај забелешките на водителот Васко Попетревски дека јавно соопштените информации говорат оти Русковска освен исказот имала и други докази, Мицкоски не отстапи од тезата.

Нинџа со остра реакција: Мицкоски шири невистини и клевети за да ми го наруши угледот и честа

Александар Василевски – Нинџа, е еден од осудените за настаните на крвавиот четврток....

Тој нагласи дека очекуваат во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да има и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори.

Милошоски: Предлагаме методологија која ќе гарантира дека власта нема да донесе обвинител од типот на Русковска

Антонио Милошоски , пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пред неколку денови примиле...

Според објавените податоци, во домашниот транспорт за македонските граѓани, најмногу се користи автомобилот а најмалку се користи железничкиот сообраќај.

Македонците најмногу патуваат со автомобил, а најмалку го користат железничкиот сообраќај

Податоците на Еуростат кои беа објавени на почетокот на Европската недела на мобилност...