Јани Макрадули ги критикуваше објавите на социјалните мрежи на поранешниот градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, оценувајќи дека тие „не ѝпомагаат на партијата во овој момент“.
Претходно, во објава на Фејсбук, Шилегов силно удри по актуелното и по претходното раководство на неговата матична партија СДСМ. Тој напиша дека СДСМ е партија заробена од двајца, како што ги нарече, „октроирани лидери од јужните краишта“.
Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет! Пролет е СДСМ – напиша тој.
За оваа јавна критика на Шилегов, Јани Макрадули вели:
„За разлика од мене, Шилегов е дел од последните структурина СДСМ, како дел од Извршниот одбор, каде што претпоставувам дека имало простор за тие теми да се зборува. Таквите изјави не помагаат во овој момент. За дебата секако сум за, за широки и за долги дебати и за размена на мислења. Но, социјалните мрежи не треба да биде место каде што ќе се каже нешто што не е добро за хомогеноста на партијата. Не треба да правиме поделба. Напротив, СДСМ е партија која е присутна низ целата држава.“
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.