Став

Објавил: Калина Мартинска | 13 јануари, 2025 19:30

Јанкуловска: Борбата продолжува, треба да се утврди кој го вршел прислушувањето

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето, напиша на својот фејсбук-профил Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи која беше обвинета во случајот „Тврдина“.

Гордана Јанкулоска по ослободителната пресуда: Ќе тужи на граѓански суд и ќе бара да се кажат вистинските виновници

Таа изјави дека е задоволна од денешната пресуда на Основниот кривичен суд.
„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години.
Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето“, напиша Јанкуловска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести