Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 февруари, 2020 12:50

Јанкуловска сведочи за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка биле причина за убиството?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за случајот „Монструм” и посочи дека информациите кои стигнале до неа биле, дека станува збор за крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка.

Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

На 12 април 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

Предметот го води обвинителката Фатиме Фетаи. Таа ја праша Јанкуловска дали остварила средба со  Сашо Мијалков бидејќи во бомбите кои беа презентирани на 29 јануари 2013 година се слуша неговиот глас, како тој и вели дека има анализа за случајот и дека ќе и ја презентирал.

На ова Јанкулоска рече дека не се сеќава дека присуствувала на таква презентација. На ваквиот одговор Фетаи и посочи на Јанкуловска дека дури и меѓународни претставници присуствувале на таа презентација на што таа возврати дека во моментот кога била на министерската позиција држела повеќе состаноци со меѓународната заедница околу настанот.

Денеска освен Јанкуловска, во судот треба да сведочат и поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски и Синиша Алексовски, советник во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ќе ја штитите, пак ќе ја ставате по тепих. Била од вашата партија, Не. не.. Нема тука ВМРО, СДСМ, има да ги санкционирате, како попчиња.

ЕФТОВ: Овие што се шетаа на скијање, низ Македонија ко црн петко ни го ширеа вирусот- Тоа е тероризам

Новинарот Васко Ефтов во својата нова емисија „Во Центар“ емитувана преку неговиот...

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на...

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално...

Инфекцијата со КОВИД 19, како и секоја вирусна инфекција не се лечи со антибиотици. Обично вирусните инфекции се лечат симптоматски т.е. се дават лекови според клиничката слика и симптоматологија.

Доктор Чибишев: Не земајте лекови на своја рака- антибиотици не го лечат Коронавирусот!

Професорот  по интерна и ургентна медицина на Факултетот за медицински науки при...