
Македонија
Вести
Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов во судница зборува Сашо Мијалков!
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во сведочење пред судот за предметот „Таргет-Тврдина“ рече дека не знаела што потпишува кога во УБК била формирана комисијата што ја уништи опремата за прислушувањето.
Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.
„До вакви сознанија дојдов кога СЈО го отвори предметот ‘Тврдина’ кој се однесува на уништувањето на опремата. Од оваа перспектива, можам да кажам дека, гледајќи ги писмените документи, без да се имаат предвид изјавите на сведоците, невозможно е да се препознае за што точно станува збор во таа постапка каде што била уништена опремата“, рече денеска Јанкулоска одговарајќи на прашање како дознала дека во УБК била уништувана и отпишана од евиденција опремата за следење комуникации.
Таа тврди дека потпишувањето на решението за формирање ваква комисија било како и секоја рутинска процедура при донесување акти во МВР, посебно што, како што тврди, до неа немало стигнато забелешки од правниот сектор кој по процедура го изготвува, анализира и доставува решението на потпис до министерот.
„Како сосема рутинска работа, решението кај мене било проследено на потпис без никакви забелешки, укажувања, уредно парафирано дека е целосно усогласено со она што го бара УБК, и било потпишано“, рече Јанкулоска.
Одговорноста ја сносат членовите на комисијата
Одговарајќи на прашањата на адвокатите, таа ја префрли вината за работата на комисијата на нејзините членови.
„Тие се должни да ги почитуваат правните стандарди, стручно, професионално и без влијание. Во моментот кога стануваат членови, одговорноста која ја носат е исклучително нивна. Со самото решение со кое се дава задачата, се дава правото да се одлучува, но и одговорност за тоа каква ќе биде одлуката. Тие се должни да водат сметка доколку дојдат до ситуација која ја ограничува можноста тие да постапуваат, на пример, конфликт на интереси, тоа да го изнесат и да се изземат”, сведочеше Јанкулоска.
Повеќе на овој ЛИНК
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.