Јанкулоска во две мега интервјуа се пожали дека е жртва на прогонот, дека бегството на Груевски е сложена операција и дека таа го осудила а не прикрила убиството на Нешкоски

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 7:58

Јанкулоска преку ноќ стана провладин експерт

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешната декадна министерка за внатрешни работи во владата на Никола Груевски, единствена која ја избегна мерката притвор, вчера со две долгометражни интервјуа, од обвинет, власта ја прокламираше во безбедносен експерт.

Првото ТВ интервју беше за ТВ24 и тоа пред министерството за внатрешни работи, од каде Јанкулоска грижливо и детално, одговори на сите прашања кои до неа ги имаше новинарската, при што во моменти, обвинетата стана и експерт кој го сподели своето искуство за бегството на поранешниот премиер.

Имено пранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска изјави дека да се организира бегство воопшто не е едноставна операција.

Од искуството кое го имам стекнато во мојата професионална кариера слободно можам да кажам дека да се организира ваква операција не е воопшто лесно, особено не да се преминат две граници, од кои една е земја членка на Европската Унија. – истакна Јанкулоска.

Таа додаде и дека воопшто не го оправдува потегот на поранешниот премиер Груевски и смета дека бегството не претставува никакво решение.

Подоцна беше гостинка на 1ТВ каде се осврна на теми кои додека беше актуелен министер не одвои ни секунда простор за медиумите.

Јанкулоска се пожали дека три и пол години е предмет на јавен линч, заборавајќи дека сеуште е и обвинета а и осудена на казна затвор во истиот предмет со Груевски, и воедно посочи дека е коректна кон судот и обвинителството но дека не било фер целата тежина да се префрла на една адреса, нејзината.

Врв на лицемерието беше прашањето за убиството на Мартин Нешкоски, кое Јанкулоска во аудио записот го осудила а не се обидела да го прикрие.

Не можеш да скриеш убиство. – рече Јанкулоска која појасни дека откако и било поставено прашањето на прес конференција веднаш побарала информации и истрага од секторот за внатрешна контрола и оти не била направена соодветна евидентија на настанот, кој бил наведен само дека е пронајдено починато лице.

Коментарот кој е кажан во телефонскиот разговор се однесува на тоа дека е невозможно да се сокрие убиство и дека со таа реченица Јанкулоска го осудува обидот за прикривање на убиството, кој според неа бил направен од тој што требал да го евидентира настанот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...

Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

Жан Митрев: Со новиот метод на прочистување на крвта излечивме 25 пациенти заболени од Ковид-19 (ВИДЕО)

Истакнатиот македонски Кардиоваскуларен хирург доктор Жан Митрев кој воедно е и основач...

Тој рече дека примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи.

МИЦКОСКИ: Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски

Во следните четири години ќе се фокусираме на реализација на капитални инвестиции...