Поранешната министерка, Јанкулоска беше осудена на 6-годишна казна затвор која Апелација и ја намали казната на 4 години. Инаку таа се гонеше по обвинение на СЈО, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра за која беше осуден и поранешниот премиер Никола Груевски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 18:06

Јанкулоска ќе оди во затвор за “Тенк”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Врховниот суд денеска ја потврди одлуката на Апелација за случајот “Тенк”, со која поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска беше осудена на 4 години затвор.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје, објави денеска Врховниот суд.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“(фото актуелно.мк).

Поранешната министерка, Јанкулоска беше осудена на 6-годишна казна затвор која Апелација и ја намали казната на 4 години. Инаку таа се гонеше по обвинение на СЈО, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра за која беше осуден и поранешниот премиер Никола Груевски.

Вчера “Фокус” праша во Врховниот суд дали е донесена одлука, а денеска не известија дека судот одлучил.

По одлуката на Врховниот суд, истата треба да ја разгледа и Кривичниот суд, каде што ќе биде изготвен упатен акт за издржување на казната.

Денеска Фокус го контактираше и сопругот на Јанкуловска, Влатко Илиевски кој истакна дека ова се површни пресуди и утре секој би можел да биде обвинет.

-Немам што да додадам! Треба само да знаете дека со вака темелни обвиненија и пресуди утре секој може да биде осуден. Тргнете од себе, ако не повеќе – изјави Илиевски за ,,Фокус”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести