Очекувам фер и демократска кампања, не само во третата изборна единица туку и на ниво на цела Македонија, иако целокупната јавност е сведок на начинот на кој СДСМ и Зоран Заев се обидуваа да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2020 19:01

Јанушев за Фокус: На 15 јули народот ќе го прати Заев во политичка пензија!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме како СДСМ, тоа не е наша одлика, никогаш и не ни била, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во третата изборна единица Игор Јанушев во мини-интервју за неделникот Фокус.

Игор Јанушев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година. Јанушев дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 2006 година. Во период од 2015 до 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈСП – Скопје, пред тоа работи во Министерството за Транспорт и врски.

-На граѓаните им нудиме разнолика програма на која ќе ја темелиме кампањата. Сметаме дека е недолично да им се претставуваме на граѓаните со лажни ветувања, туку напротив – им нудиме конкретни решенија сублимирани во програмата Проект „Обнова“. Истата ја изготвивме со помош од домашни и странски експерти и истата содржи над 300 страници, над 1.000 нови проекти кои ќе ни ја обноват државата. Опфатени се проекти од сите области: здравство, економија, инфраструктура, индустрија, земјоделство, образование, млади, спорт… Се обврзуваме дека секој дел од програмата ќе го реализираме со особено внимание – вели Јанушев.

Каква кампања очекувате во рамки на третата изборна единица каде ја предводите пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ? Кои теми и прашања ќе доминираат и ќе се обидете да ги наметнете?

ЈАНУШЕВ: Очекувам фер и демократска кампања, не само во третата изборна единица туку и на ниво на цела Македонија, иако целокупната јавност е сведок на начинот на кој СДСМ и Зоран Заев се обидуваа да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните. Фактот што сега се соочуваме со предизвикот на оваа здравственo-економска криза и со неуспехот на Владата предводена од СДСМ во изминативе 3-4 месеци да се справи со истата, нѐ донесе до тоа да мораме да направиме стратегија за после овие избори и после победата на ВМРО-ДПМНЕ да започнеме со преодна стратегија во насока на премостување на овој период, особено во наредните два квартали до крајот на 2020-та година. Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме како СДСМ, тоа не е наша одлика, никогаш и не ни била.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...