Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев својот Фејсбук профил напиша дека ќе остане запишано дека покрај сите притисоци, закани, нерегуларности, народот излегува, народот доаѓа по своето и со сигурност ќе ја порази оваа власт.
Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи напиша дека добро е што на овие избори цензусот ќе е исполнет и народот свесно и со желба за промени и правда излегува и гласа. Тој повика секој еден човек да излезе и гласа и да се покаже голема масивност. Тој рече да покажеме дека Македонија е горда, достоинствена, со кренета глава.
-Добро е што на овие избори цензусот ќе е исполнет. Народот свесно и со желба за промени и правда излегува и гласа. Останува запишано дека покрај сите притисоци, закани, нерегуларности, народот излегува, народот доаѓа по своето и со сигурност ќе ја порази оваа власт. Колку тие притискаат, толку повеќе народот се спротивставува. Повикувам секој еден човек да излезе и гласа, да покажеме масовност.
„Да се одбере правда, овој пат се работи за нашата Татковина, за нашата Македонија, за иднината и новата реалност во кои оваа власт ќе биде делегитимирана. Ајде да им покажеме дека Македонија е горда, достоинствена, со кренета глава. Победата е на прагот. Сега е времето кога вашиот глас одлучува, сега е времето кога треба да кажеме доста е, Македонија заслужува многу повеќе и многу подобро. Одлучуваш за Македонија, за твојата иднина, стои во неговиот пост на Фејсбук.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.