Македонија
Фејсбук
Снимките покажуваат зошто Заев треба да оди во затвор и зошто мафијата има своја држава. Заев вели “близок сум со Јово”, “нема одлука на Врховен без Заев”, “или закон за СЈО или Врховен трас-трас, ќе ги падне случаите”, пишува на социјалните мрежи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Јанева и Заев биле во тесна координација за случајот Рекет, ова го изјави на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Според него, по ваков материјал Заев треба да биде приведен или викнат на распит. Според Милошоски, Заев директно влијаел врз работата на судството и според него тоа претставува кршење на законот и злоупотреба на службената положба.
„Заев и Јанева биле во содејство на блиски соработници за секоја нејзина одлука. Тој бил и Врховен судија и специјален обвинител“, тврди пратеникот.
Ова накусо е вистинското лице на Зоран Заев кое покажува дека:
Прво, криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија!
Второ, криминалецот Зоран Заев вели дека Катица Јанева го знае тоа и ги движи работите по тој терк!Трето, договорено е, или закон за СЈО или Врховен ќе ги падне случаите кои се сомничат за криминал, пишува Јанушев.
Зоран Заев е главата на октоподот и главниот сатрап на судството.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Фејсбук
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.