А, до тогаш Заев “путуј” во темната страна на историјата, зошто уште 22 дена премиер и никогаш повторно! Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 декември, 2019 11:56

Јанушев: Куферот кој не стигнал до Заев всушност требало да заврши кај него

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Излезе информација “Куферот со пари не стигнал до Заев”. Владината пропаганда, истата онаа која не убедуваше преку Шекеринска дека знамето на Аризона било она на Македонија, побрза да ја пренесе, демек им олесна што ќе може да направат спин дека Заев е чист, колку и тоа да изгледа како научна фантастика.

Фејсбук статус на Игор Јанушев, генералниот секретар на опозицискаа ВМРО-ДПМНЕ

Но, вушност оваа информација за куферот кој не стигнал до Заев открива дека таа торба требало да заврши кај него, но ете не стигнала. Каде и да стигнал куферот, односно торбата, не значи дека парите не продолжиле понатаму. И, кај кого стигнала е вистинското прашање. Дали тоа можеби е министерката од Владата на Заев – посетител на домот на Бојан Јовановски, и дали тоа не значи дека друг ги извадил парите и тие се предадени понатаму за да стасаат до главниот во Рекет без чие знаење овој милионски рекет е невозможен.

Власта се дозаплетка дотаму што веќе не знае каква снимка да пушти само да го испере Заев, а тој валкан со криминал ни Вардар не го пере. И додека владината фабрика “мантра” за некој нареден прозирен спин, се уште чекам да се освежи меморијата на Заев за NSKRO 74/17 USB? И за една мистериозна дојава до обвинетиот за Рекет дека е пријавен?

А, до тогаш Заев “путуј” во темната страна на историјата, зошто уште 22 дена премиер и никогаш повторно! Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Митовски објави дека двајцата напаѓачи се познати кои цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо!

ФОТО: Палевски и Митовски од болница порачаа дека напаѓачите се познати: Цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо

Фотографија од болничката соба во која е хоспитализиран Љупчо Палевски откако вчера...

Упатувам и неизмерна благодарност за големата поддршка која Охрид и нашата држава ја добиваат од Европската Унија во сите сфери на општественото живеење.

Георгиевски: Амбасадорот Жбогар е еден најголемите пријатели на нашиот Охрид

Во мое лично име и во името на Општина Охрид сакам јавно да го поздравам Амбасадорот...

-Со тоа ги зацврстивме државноста, темелите и безбедноста на нашата Македонија и го отворивме патот за европските стандарди да ги донесеме дома.

Димитров: Ми беше чест што како министер за надворешни работи бев дел од историскиот пробив со членството во НАТО

Во изминатиот мандат, ми беше чест што како министер за надворешни работи бев дел...