Јанушев ја потсети јавноста дека кај нас ниту еден државен орган не најде за сходно да ги провери плантажите кои во Македонија ги работат бизнис партнерите на кланот на власта.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јануари, 2020 18:14

Јанушев: Никој не се занимава со бизнисот со марихуана на Заеви

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На Заев не му одговара закон за јавно обвинителство, меѓудругото, за да може да цвета бизнисот со марихуана и тоа да врви непроверено, а и неказнето, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Има многу причини зошто криминално-рекетарската банда на власт одбегнува професионален закон за јавно обвинителство, но еве јас ќе се задржам на една. Никој од обвинителството во моментов не се занимава со бизнисот со марихуана каде јавна тајна е дека семејството Заеви и ним блиски луѓе се длабоко навлезени. Што би се рекло, тие го држат пазарот. Истовремено, неколку пати по ред во собранието се турка закон за проширени овластувања во однос на бизнисот со марихуана каде личен интерес имаат Заеви. Да не заборавиме дека едно од лицата во Србија, Колувија, кој е бизнис партнер на човекот што го градеше Глобал, во соседната држава е уапсен за нелегално производство на марихуана, пишува Јанушев.

Фејсбук статус на Игор Јанушев…

Јанушев ја потсети јавноста дека кај нас ниту еден државен орган не најде за сходно да ги провери плантажите кои во Македонија ги работат бизнис партнерите на кланот на власта.

Да се задржам на поентата, на Заев не му одговара закон за јавно обвинителство, меѓудругото, токму за да може да цвета бизнисот со марихуана и тоа да врви непроверено, а и неказнето. Оваа недела ќе се дознае многу повеќе за тоа што има зад сцената со бизнисот со марихуана каде се “лепливите раце” на Заеви и зошто толку многу криминално-рекетарската банда на власт турка вакви решенија. Како беше она “тик-так” …, пишува Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...