Дуелите се почести на македонската политичка сцена

Објавил: Узунов Бобан | 29 март, 2019 22:19

Јанушев: Точно е дека Груевски бегаше од дуели, Силјановска и Пендаровски ќе се соочат четири пати

Фото/Текст извор: ©магазин

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, се согласи со тврдењата дека поранешниот премиер од оваа партија и осуден бегалец, Никола Груевски, за време на своето владеење ги избегнуваше телевизиските дуели со своите противници.

Тој рече дека и Заев бега од дуели, иако неодамна имаше телевизиско соочување меѓу него и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Господа, ве чекам на дуел, па да ѝ покажеме на македонската јавност кој е одговорен за травестијата на правдата и отстапувањата од принципите на Европската конвенција за човекови права. 

-Отворени сме за дуели, сметаме дека само на тој начин граѓаните ќе ја воочат разликата меѓу Силјановска и Пендаровски. Повеќе од година дена Заев избегнуваше дуел, се надевам Пендаровски нема да го прави истото. Граѓаните ќе имаат прилика да ги видат разликите и тоа дека Силјановска е светлосни години понапред од Пендаровски – рече Јанушев во вечерашната дебата на 1ТВ.

Како што рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, меѓу Силјановска и Пендаровски за сега се договорени четири тв дуели и тоа: на 2 април на Телма, на 12 април на МРТ, на 14 април на Сител и на 17 април на ТВ Алсат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести