Потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Митко Јанчев револтиран што партијата не зазела конкретен став, бојкот или да се излезе и да се гласа За или Против, како и што доликува

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 10:55

Јанчев: Не се согласувам со одлуката на ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©мкд.мк

По синоќешната објава на официјалниот став на ВМРО – ДПМНЕ по основ на претстојниот референдум за промена на името, започнаа реакции на високи партиски функционери.

Како пренесува порталот мкд.мк еден од најгласните е потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци кој изјавил.

Митко Јанчев е управител на фирмата Кожувчанка 13 години, од своја 23 годишна возраст се до 2017 година. Член е на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора Кавадарци во периодот од 2013 година до 2017 година. Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот “Гоце Делчев”- Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија. На последните локални избори е избран за Градоначалник на Општина Кавадарци.

“Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО – ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30-ти септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против” – изјави за мдк.мк Митко Јанчев – потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанчев вели дека тој вчера не присуствувал на седницата на Извршниот комитет на партијата и дека гласал телефонски.

„Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30-ти септември. Јас сметам дека ВМРО – ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не и личи на партијата“ – вели Јанчев.

На прашањето за неговиот став во однос на Спогодбата со Грција, Јанчев одби да го коментира тој документ и рече дека наскоро ќе го каже својот став.

Во јавноста веќе извесно време се говори за одредена нетрпеливост меѓу претседателот на партијата Христијан Мицкоски и потпретседателот. Јанчев вели дека наскоро ќе информира за неговите наредни потези.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести