Пијани биле сите што неодамна биле тестирани при излегување од дискотека во Кавадарци.

Објавил: Перо Милчин | 11 февруари, 2019 12:31

Јанчев : “Сите луѓе што излегоа од дискотека во Кавадарци беа пијани”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во делот за советнички прашања советникот Лазар Туриманџов соопшти дека, според информациите до кои дошол, пред извесно време ниту едно дете во Кавадарци при акцијата за алкотестирање не било трезно.

Кавадаречкиот градоначалник на седницата на општинскиот совет изјави дека Министерството за внатрешни работи, неодамна имало добра акција во близина на полициската станица, против алкохолизирани граѓани. Во близина на полициската станица се наоѓа позната дискотека и после вечерната журка, сите кои што излегувале од дискотеката се наоѓале во алкохолизирана состојба, изјави градоначалникот на Кавадарци.

Имаше една добра акција поставена од Министерството за внатрешни работи и веројатно за таа станува збор. Со наша заедничка координација и на полицијата, беше поставена сообраќајна патрола пред полициската станица во Кавадарци. Сите што излегуваа од дискотеката во центарот, а се спуштаа надолу, немаше каде да бегаат и беа застанати. Е, сите беа пијани. За жал, нема култура кај нас кога луѓето се под дејство на алкохол да го остават автомобилот или да фатат такси и слично. Сите ги правиме грешките. Казните се ригорозни. А не дај боже да се направи некоја штета под дејство на алкохол, последиците се тешки. Не сме имуни на таа работа, рече Јанчев.

Митко Јанчев е македонски стопанственик и политичар од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кој е тековен градоначалник на Општина Кавадарци. Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја превземал на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на компанијата. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата вовел нови стандарди во раководењето а компанијата го привлекла светски познатиот бренд Синалко од Германија. Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија и Претседател на Регионалната Стопанска комора во Кавадарци.

Ако земеме по број на жители, во Неготино имало повеќе лица под дејство на алкохол. Но, сепак, треба да се работи превентивно на тој план. Министерството за внатрешни работи сега има воведено нов систем за работа, така што веќе никој не може да го прикрие алкохолот. Тоа значи дека ако те алкотестира полицаец, сите уреди на МВР како дегери за алкотест се со џипиес-систем врзани во централната база на Министерството и нема назад. Така што нема повеќе јас ќе се јавам на овој да ми ја скине казната, никој не може да ја скине казната.

Санкциите во делот на алкохолот се од неколку категории. Под дејство на алкохол, средно пијан, без контрола. Во Советот за превенција што ќе го формираме, а во кој ќе биде и командирот на кавадаречката полиција, ќе работиме во интерес на сите, нагласи Јанчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Грчкото државјанство овозможува албанските емигранти полесно да се движат во други земји на ЕУ, што условува децата на емигрантите да заминуваат во други земји.

ЗАЧУДУВАЧКИ: За осум години грчко државјанство добиле 200.000 албански граѓани!

Албанија е една од земјите со најголема емиграција на населението во Европа. Главната...