Работа без стрес-милениците на работните места!

Објавил: Сања Кукиќ | 3 март, 2019 12:13

Јапонците пронајдоа начин како да се ослободи стресот на работа

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Ќе го следат ли македонците примерот на јапонците и дали ќе дозволат домашни миленици да шетаат во работниот простор се со една цел-да се намали стресот кај работникот, да се зголеми продуктивноста и да се создаде пријатна работна атмосфера.

Се чини дека Македонија е далеку од оваа идеа. Во нашата земја не е дозволено со миленик да се влезе во трговски центар, во кафуле а не пак тој да се однесе на работа.

Една компанија во Јапонија, земјата која е позната по долгото работно време и  строгата  работна дисциплина, пронајде „терапија“ за намалување на стресот – мачките!

Во малата канцеларија на информатичката фирма „Фереј“ од Токио, девет мачки го „споделуваат“ работниот простор со вработените – им скокаат на колената, се шетаат по тастатурите од компјутерите, спијат, се хранат и слободно се движат низ просторијата.

Директорот Хиденобу Фукудо ја воведе својата политика наречена „мачки во канцеларијата“ уште во 2000 година на барање на еден од соработниците, па дозволил секој вработен да ја носи својата мачка на работното место. Тогаш им соопштил дека ќе исплаќа и по 5.000 јени (40 евра) месечно  на секој што ќе „вдоми“ некоја мачка.

И други јапонски компании одлучиле да користат домашни миленичиња за намалување на напнатоста и стресот на работните места.

Компанијата за човечки ресурси „Пасон Груп“, во 2011 година „вработила“ две кози со полно работно време, а две години подоцна и две алпаки, делумно и заради терапевтски причини.

Токио има шеесетина кафулиња каде официјално е дозволено присуство на мачки, кои слободно се шетаат меѓу посетителите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Прочка е пред почеток на Велигденскиот пост. Црквата го поставила како силен потсетник на духовниот карактер на постот.

Денес е Прочка: верниците денеска на големиот празник, забораваат на кавгите и проблемите

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови верниците денеска, на големиот празник,...

Новата политичка партија „Интерга“ ќе дејствува самостојно, независно од сите, сами ќе го градат нивниот пат, не оставјќи го СДСМ на власт, ниту па имаат намера да го вратат ВМРО.

Новата партија ИНТЕГРА, има намера да го симне СДСМ и нема намера да го врати ВМРО-ДПМНЕ!

Денеска  пред македонската јавност беше промовирана програмската платформа и лидерскиот...

Музиката ја потпишуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Текстот е на Коста Петров и неговата сопруга Сања Поповска, а во спотот се појавува и нивната ќерка Бела.

Тодевска ја претстави песната за Евровизија „Proud“ (Горда) заедно со ќерката и сестрата во спотот

Тамара Тодевска ја објави песната со која ќе нè претставува на Евровизија. Во Тел Авив,...

Заедничкиот кандидат за претседател на ромите, турците, србите, албаницте  и македонците Стево Пендаровски уште еднаш повтори дека тој е следен

Пендаровски: Ме следат ама не се папараци, рецидиви се, служби се од странство!

Заедничкиот кандидат за претседател на ромите, турците, србите, албаницте  и македонците...