Јавното обвинителство отвори истрага за ќерката (46 годишната А.И.) која ја задави мајка си (74-годишната В.И.) во скопската населба Карпош. Основниот кривичен суд ѝ одредиЛ 30-дневен притвор на А.И.

Објавил: Валерија Петрова | 5 август, 2019 10:13

ЈА ДАВЕЛА СО ГОЛИ РАЦЕ СОПСТВЕНАТА МАЈКА ЗА ПАРИ- детали за убиството во Скопје

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Убиството кое се случи во саботата го потресе Скопје, ќерката давејќи и го одзеде животот на својата родена мајка. Причината за убиството било поради пари, ЈО по брза постапка отвори истрага.

Јавното обвинителство отвори истрага за ќерката (46 годишната А.И.) која ја задави мајка си (74-годишната В.И.) во скопската населба Карпош. Основниот кривичен суд ѝ одредиЛ 30-дневен притвор на А.И.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената вчера се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, со задушување ја лишила од живот сопствената мајка. Како мотив за сторување на кривичното дело навела меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Убиство во Скопје, граѓаните згрозени

Оттаму велат дека дежурен јавен обвинител веднаш излегол на увид на лице место, во домот во кој мајката и ќерката живееле заедно.

„Притоа, затекнатото безживотно тело на 74-годишната жена со наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција. Во исто време, издадена е наредба за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничената. Надлежниот суд го прифати предлогот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена“, велат од обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговиот идентитет.

Избодено дете во ЈСП – лекарите се борат за неговиот живот, и маж во бесознание итно пренесен во болница

Крвав инцидент во градскиот превоз во Скопје. Според информаците на МВР, три лица се...

Превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

И покрај контролите на МВР – скопските улици се уште се како фронт во кој страдаат возачите

Македонската полиција со полни раце работа, секој ден билтенот на МВР е полн со инциденти...

За време на мечот настанал инцидент, причината е недосуден офсајд за домашниот тим, по што фанови влетале во терен.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБАРЦА СО ДЕТАЛИ: Апелирам да не се политизира настанот, или да се поврзува со политички процеси

По немилиот настан кој се случи во Охрид со приведени навивачи и играчи од фудбалски...

Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Приведени фудбалери и навивачи – блокиран влезот кон СВР Охрид!

Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската...