Со кој образ после ова ќе искочите и ќе зборите за работниците и сиромашните?

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 мај, 2020 11:20

Јовановиќ: Ангеловска на работниците гледа како потрошна роба- со кој образ ќе излезeте и ќе се борите за сиромашните?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Советникот Бранимир Јовановиќ кој беше дел од тимот на министерот за Финансии Драган Тевдовски и неодамна ја напушти својата функција на социјалните мрежи реагираше на изјавата од министерката за финансии Нина Ангеловска во која рече дека фирмите кои добиле државна поддршка за надминување на кризата ќе можат да отпуштат до 15% од своите вработени.

Јовановиќ вели дека на министерката за финансии не ѝ е гајле за работниците и дека на нив гледа како потрошна роба. Тој запраша со кој образ после ова ќе излезат и ќе зборат за работниците и сиромашните во Македонија.

Два дена пред Први мај, Министерката за финансии објавува дека фирмите кои добиле државна поддршка за надминување на кризава ќе можат да отпуштат до 15% од своите вработени, односно, дека десетици илјади луѓе ќе можат да останат на улица и да паднат во сиромаштија!
Јас знам дека на министерката за финансии не ѝ е ич гајле за работниците, дека на нив гледа како потрошна роба.

Ама кај сте вие другите од Влада, другарки и другари социјал-демократи? Како можете вие да дозволите вакво нешто?

Со кој образ после ова ќе искочите и ќе зборите за работниците и сиромашните, вели Јовановиќ.

Да ја стопирате оваа измена веднаш, и да си ја смирите министеркава, инаку немојте да ги очекувате гласовите на работниците, сиромашните и сите кои се грижат за нив на претстоечките избори!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Вкупните приходи пак се помали за 24%, но зголемената акциза и подобрата наплата на придонесите спасиле падот да биде помал од очекуваниот, задоволна е министерката за финансии Ангеловска.

Овој месец се потрошиле за 11% повеќе пари, така што дефицитот во моментов изнесува 307 милиони евра!

Наплатата на данокот на додадена вредност продолжува да паѓа. Во мај се собрале за...

Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра).

Алијанса за Албанците: Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија!

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза...