Вистинското тешко допрва доаѓа бидејќи „28 години во Македонија не се направени никакви реформи“ изјави за Бугарската национална телевизија новинарот Борјан Јовановски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 февруари, 2019 11:58

Јовановски : “Во Македонија цели 28 години, не се направени никакви реформи”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новинарот Борјан Јовановски, во своето интервју за Бугарската национална телевизија изјави дека на граѓаните ќе им треба многу време да се навикнат на новото име и исто така дека во Македонија долги години не се направени никакви реформи за спас на државата.

Тој рече во своето интервју за Бугарската национална телевизија, дека никој не е среќен со компромисот и дека допрва доаѓа тешкото време за Македонија, кога ќе треба да се спроведат реформите. Тој додаде дека до сега во Македонија цели 28 години, не се направени никакви реформи.

Тешко е да се каже дека баш сме навикнале на тоа име. Ново е и уште не е официјално, така што сè уште официјално не сме преименувани. Ќе треба време, веројатно, да се навикнеме и на ова ново име. Но, кога е веќе прашањето до тоа, сметам дека одразува една географска реалност и со оглед на тоа мислам дека ќе се прилагодиме на една таква географска реалност, изјави тој во интервју за Бугарска национална телевизија (БНТ).

Разбирливо е тоа дека никој не е среќен со овој компромис со Грција. Станува збор за една доста емоционална ситуација, бидејќи, сепак, некоја друга земја ви наложува да го промените името, додава тој и нагласува дека вистинското тешко допрва доаѓа бидејќи „28 години во Македонија не се направени никакви реформи“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести