Јовески го враќа во живот СЈО

Објавил: Узунов Бобан | 10 септември, 2019 7:59

Јовески го враќа во живот СЈО, најавува можност по предметите на СЈО да постапуваат и досегашните обвинители

Фото/Текст извор: ©магазин

Советот на јавни обвинители, како што истакнува Јовески, после 15 септември треба да одлучи за статусот на јавните обвинители и нивното враќање во матичните обвинителства.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за МИА вели дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо. Смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија беше известено со писмен допис дека јавните обвинители од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) се овластени да ги достават предметите во ЈОРСМ. Следи взаемно договарање околу техничките детали за предавање на предметите, моментот и редоследот. Обвинителството е подготвено, има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети. По пристигнување на предметите и нивно распределување по обвинителствата, постапувањето од страна на ЈО ќе тече согласно законските надлежности. Се надеваме дека процесот ќе тече брзо – вели Јовески.

Советот на јавни обвинители, како што истакнува Јовески, после 15 септември треба да одлучи за статусот на јавните обвинители и нивното враќање во матичните обвинителства со оглед дека функцијата јавен обвинител во тие обвинителства им мирува.

-Доколку се донесе нов Закон за Јавно обвинителство, во него сигурно има одредби за нивниот статус. По преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите, не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите, вели државниот јавен обвинител Јовески а МИА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Овој карневал годишно носи бројни туристи кои со нетрпение очекуваат да присуствуваат на големиот италијански спектакл, сепак, поради големиот број заболени и двете починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

Поради ширење на коронавирусот откажан карневалот во Венеција

Италијанските власти, денеска донесоа одлука да го откажат напознатиот карневал во...

Православната црква неговиот ден го чествува на 10 февруари.Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност, бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави Харалампиј – светецот кој е чувар од болести

Свети Харалампиј е христијански светец и маченик од 3 век. Oвoј свeтитeл бил eпискoп...

Дроновите освен во полициската работа биле користени и во операции како онаа со случувањата во кумановско Диво Насеље.

Оливер Спасовски призејмил безпилотни летала важни за одбраната на Македонија

Регионалните медиуми деновиве излегоа со информации за приземјување на полициските...