Јовески во интервјуто за Независен истакна дека истрагата за случајот рекет ќе се прошири и дека никој кој направил кривично дело нема да биде поштеден.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јули, 2019 10:44

Јовески: Парите за „Рекет“ се дадени во готовина во два наврата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за „Независен весник“  републичкиот обвинител Љубомир Јовески открива детали за случајот Рекет. Тој изјави дека знаат како и од каде се дадени 1,5 милиони евра во случајот „Рекет“ каде осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец, кои моментално се во 30 дневен притвор.

– Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет – вели Јовески.

ФОТО Независен весник

Јовески во интервјуто за Независен истакна дека истрагата за случајот рекет ќе се прошири и дека никој кој направил кривично дело нема да биде поштеден.

-Да, истрагата ќе се прошири за сите инволвирани лица во конкретниот случај, како и за други кривични дела доколку во неа се дојде до такви докази. Во овој момент не може да се каже дали ќе бидат опфатени пратеници, обвинители или други личности. Постапуваме неселективно и делото ќе го истражиме и расветлиме целосно и сеопфатно. Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден.

Една важна дилема е присутна во јавноста: сведокот дал 1,5 милиони евра за да биде прекината постапката, а со тоа го прекршил законот. Како може тој да не биде дел од одговорните за овој голем скандал, затоа што е јасна неговата намера со тие пари да поткупи обвинители?

-Во истрагата Обвинителството ќе истражува дали целта била да се поткупат обвинители или само да се искористи влијанието на првоосомничениот врз јавен обвинител. Лицето за кое прашувате е подносител на кривичната пријава и е сведок во овој предмет. Околностите што се земаат предвид согласно со законот се однесуваат само за овој предмет. Лицето за други кривични дела во други постапки може да се јави и во друго својство, зависно од инволвираноста и учеството што го имал во кривичноправните настани.
За да се стимулира откривањето на овие кривични дела, законодавецот предвидел олеснување на положбата на лицето, кое ќе го пријави кривичното дело, но повторувам само за тој кривичноправен настан. Овој кривичен предмет воопшто не влијае врз одговорноста на сведокот во предметот „Империја“, кој го води СЈО.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ,

Зоки Фаци за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ, вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно!

Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци, кој е вработен во 1ТВ, напиша емотивна...

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...