Дали се ова сите предметите превземени од СЈО ?

Објавил: Узунов Бобан | 20 септември, 2019 13:18

Јовески презел 171 предмети од СЈО

Фото/Текст извор: ©магазин

Вкупно 171 предмет презело Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од Специјалното јавно обвинителство, велат од ЈОРСМ за МИА.

– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од СЈО презеде три предмети по кои е донесена правосилна пресуда, два предмета за кои е донесена првостепена пресуда, 20 предмети кои се во фаза на судење, 19 предмети по кои се спроведува истрага, шест предмети кои се во предистражна постапка, 80 РО предмети од кои дел се однесуваат на предистражна постапка и дел по барања за воспоставување надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, 38 предмети по кои се спроведува финансиска истрага и три предмети по вонредни правни лекови – информираат од ЈОРСМ.

Посочуваат дека приоритет во распоредувањето имаат предметите кои се во судска постапка. Па така како доаѓаат судењата, така ќе бидат доделени овластувањата на јавни обвинители.

Предметите кои се во истрага и во предистражна постапка, дополнително ќе бидат распределени, велат од ЈОРСМ.

Досега со овластувањето на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, четворица поранешни обвинители во СЈО продолжија да ги застапуваат предметите кои и досега ги водеа.

Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски беа овластени за предметот „Монструм“, Ленче Ристоска за „Талир 2“ , Стевчо Донев за „Триста“ и Елизабета Јосифовска за „Тотал“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што си дозволува да се однесува како Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права“, изјави Мицевски!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери ќе поднесат Пратеничката...

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...