Бугарија јасна на ставот дека македонски јазик не постои, постои само официјален јазик на Република Македонија.
Контроверзни пораки за постоењето на Македонскиот јазик, испрати и поранешниот амбасадорот на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов.
Има или нема, според вас, македонски јазик? – го запраша новинар Јорданов.
Според мене? Од научна гледна точка, не! – одговори тој.
Таму каде што застанаа Каракачанов и Ковачев, продолжи и поранешниот бугарскиот амбасадор во Македонија.
Александар Јорданов во телевизиско интервју вели дека македонскиот јазик постои само од политичка гледна точка, а дека заедничка историја не можат да споделуваат.
Тој вели дека вината е кај бугарската влада, која за разлика од грчката во случајот со Договорот од Преспа, оставила Договорот за добрососедство да го кројат историчари и луѓе од науката.
Нема сомнение дека македонскиот јазик е норма, односно, дијалект на бугарскиот народ. Ако народите се различни, како што тврди македонската страна, има македонски народ, има бугарски народ, не можат да имаат заедничка историја. Заедничка историја може да има само еден единствен народ. -вели Александар Јорданов, поранешен амбасадор во Македонија.
Сепак вистинското прашање е зошто премиерот Бојко Борисов не излезе со јасен став по проблематиката, туку ги премолчува сите изјави кои воопшто не наликуваат на добрососедски односи?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.