Неодамна, токму од Оливер Спасовски дознавме дека некој што веќе имал 16 казни за брзо возење, усмрти човек на ,,Првомајска". Не му одзеле возачка изгледа.

Објавил: Сара Фемина | 5 септември, 2019 18:50

ЈОЦИ ДО СПАСОВСКИ: “Оливере, го наследи системот од Грујо, во Македонија на улици заиграа и пиштоли„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Оливере, ти го наследи стариот грујов систем и го усовршуваш неговото нефункционирање, до степен да на улици заиграа и пиштоли. Ти, просто, немаш никаква идеја како да воведеш ред во хаосот од пијани, дрогирани, насилни и агресивни возачи, пишува на социјалните мрежи новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

За неполни 48 часа, прегазени 4 жени, дете пред училиште, девојка на електротротинет.

Неодамна, токму од Оливер Спасовски дознавме дека некој што веќе имал 16 казни за брзо возење, усмрти човек на ,,Првомајска”. Не му одзеле возачка изгледа. А ако му одзеле, системот го оставил да продолжи да дивее.

Па, Оливере, ти го наследи стариот грујов систем и го усовршуваш неговото нефункционирање, до степен да на улици заиграа и пиштоли.
Ти, просто, немаш никаква идеја како да воведеш ред во хаосот од пијани, дрогирани, насилни и агресивни возачи.

А, во светов, одамна е се` измислено, но СДСМ чека избори, па не би да пишува строги казни на рајата.
Нек газат луѓе !
А, Петре за тоа време, е толку вљубен во ,,Љубљанска” во К4, да чекам и да се залапа пред ,,Сити мол” со некоја таксистка. И да ни пренесе ,,во живо” на профил.
Зел да ги казнува истите таксисти, кои, ги бркаше пред месец дена од истово место !?
Петре, Скопје е многу повеќе од една улица и шљакање боја и асфалт.
Јавете се со Оливеров во Републички совет за безбедност да ви кажат со кои решенија да ги заштитите луѓето од прегазување.
А, од смешката наречена ,,брановиден асфалт” пред школото во Козле, ти останаа трошки.
Срамота е ова, бе, човече.
Два месеца, гребеш асфалти на сите страни и шљакаш пешачки со боја.
Па, мало дете тоа го може.

(Фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Најреномираниот фестивал во Македонија „Бук стар“ и е-магазин со долгогодишна традиција и престиж „Репер“ пред укинување поради незаинтересираност Министерство за култура да ги поддржи.

Фестивалот на европската книжевност „Бук стар“ и „Репер“ пред згаснување поради одлуката на Министерство за Култура

Жарко Кујунџиски е познат македонски прозаист, драмски писател, уредник на е-магазин,...

Јовановиќ е се погласен против политиките на СДСМ, и тој вчера посвети саркастичен статус за Маршот на правдата во кој го повикува и поранешниот премиер Заев и СДСМ кога ќе маршираат за правда, да поминат покрај хотелот „Мериот“, болницата „Систина“, но и да свратат кај 

Кога ќе марширате поминете до „Мериот“, „Систина“, – до Будимпешта не мора да одите Груевски сам ќе се врати

Бранимир Јовановиќ кој јавноста го познава како поранешен советник во Министерството...