
Македонија
Фејсбук
Главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски, е осуден на шест месеци затвор условно доколку во наредните две години не го повтори делото, како обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.
На Александар Митовски, новинарот од „Инфомакс“ уште пред неколку месеци му покренато обвинение од страна за Основното јавно обвинителство за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.
Пред два беше осуден на шест месеци затвор условно доколку во наредните две години не го повтори делото.
Тука не важат повеќе закони, не важи Устав, не важат меѓународни договори, не важат повелби за човекови права и слободи, не важи ништо освен политичкиот интерес на Зоран Заев кој што се најде засегнат од текстот кој што е спорен според овој суд и ова обвинителство дека бил споменат како човек кој што ги информирал Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец дека против нив е покрената постапка со цел да не биде тој човекот кој што ќе биде фатен како организира рекетарска шема во државава, коментираше Митовски по пресудата.

Тој вели дека добил информации дека судијката Љубинка Башевска дека добивала нарачки за пресудата за да ја унапредат како награда.
– Ова е срамота, срамен ден за Македонија, за слободата на говорот, за слободата на медиумите и човековите права, вели Митовски.
После пресудата новинарката Јоци на социјалните мрежи му порача да сади тревки, жалфија, оригано, нане, Пошто после 12 -ти април ќе падне емотивно.
Оној малион Инфомакс се жали по телевизии како бил осуден.
Мислам дека бебево има негде 28 години.
Бебо, знаеш ти колку новинари се осудени за 20 години? Стотици.
И ја, во 2005 за пет реда текст.
Затоа што пишав за една (да не ја пцујам јавно) дека не постапила по службена должност. Ме казнија со 60.000 денари во тоа време. Ејјј, замисли да објавев службена тајна, вели Јоци.
Ти си среќен, љубовче. Не знаеш колку, што си само на условно по обвинение од Вилмич.
Ја би ти препорачала во иднина да садиш тревки, жалфија, оригано, нане, нешо така. Пошто секако ќе пропаднеш емотивно после 12ти.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.