Македонската јавност треба да сфати дека овие избори се клучни за иднината. Напред или назад, нема средина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 февруари, 2020 7:10

ЈОЦИ: Ќе гласам за СДСМ- Груевски не мислам да го враќам по ниедна цена, ОТВОРЕТЕ ШАМПАЊ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ми велат луѓе, секако вмројна, а и понекој сдсмовски опортунист кој кјур го боли за државава, само чека шанса за функција, а нема да ја добие, требало да ми биде срам како сум го поддржала Зоќе.

Види, богати.
Па, дечки, како, бе, да не му честитам јавно на човекот кој не беше пичкица и го реши она кое 27 години никој не се осмели да го изусти, камоли да го реши и да направи чекор напред!?
Ме девалвирала честитката. Мачиња, мене ништо не може да ме девалвира. Пошто јас верувам во она што ќе го напишам. Јас се’ што ќе напишам, ми извира од мене.
Верувам во ЕУ и НАТО од моја 19-та година., пишува на Јоци.
Друга работа. Јас фунционирам на високи фреквенции, не на ниски. Не ме интересираат ниски страсти на будали. Извинете, али сега, во вакви клучни историски моменти не можам да се бавам колку дупки Петре не закрпил, колку пешачки Сенко не обележал, колку тревници Стефан не искосил. Со тоа ќе се бавам после 12-ти.
Македонската јавност треба да сфати дека овие избори се клучни за иднината. Напред или назад, нема средина.
Некој што бил истурена фигура, како дел од ,,шарена”, јас, секако ќе ви рече – напред!
И ќе ви алармирира за опасноста од враќање на грујовистичката мафија, како што тоа го правев, имено, и наназад 7-8 години.
Точно. Многу работи не се исполнија. И јас сум разочарана. Но, јас , Груевски, не мислам да го враќам по ниедна цена. Верувам дека СДСМ ќе работи многу повеќе после 12-ти.
Конзистентна сум околу тоа.
Ако се врати сотоната, многумина од нас, ,,шарените”, ќе треба да се селат. А, веќе имаме ,,пријателски” закани.
Ако ги објавиме, ќе се помоча Мице во гаќи. А, вие ќе гласате против него.
Ќе ги објавиме.
Крсто рече ќе се сели, многу закани има човекот. И му верувам.
Цената за НАТО и подобра иднина е многу скапа.
Крсто несакајќи ни ја отвори вратата кон НАТО и датум за преговори со ЕУ. Несвесен, во тој момент. Но, ја отвори. Таму сме веќе.
Вмројна не знае што со себе. Гласаат за ,,Северна”, но се сликаат пред табли ,,Македонија”. Тажничко. Ним им е битна само власт, да се близу тендерите. Нема да ја добијат, бидејќи меѓународна заедница не сака луѓе кои не го продолжуваат политичкиот контекст, не го контаат, не знаат да прекинат со романтичарски средновековни национализми.
Имаа шанса, ја испуштија.
Се разбираме?
Отворете шампањ. Влегуваме во подобра иднина. Блескава. Ќе се уверите.
Требаше одамна ова да се случи, но вмројна не` држеа во мрак цела деценија, пишува Јоци.

Јорданка Ивановска Јоци

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Денеска во Росоман со претставници на бизнис секторот и со вработените во повеќе фирми разговаравме за справувањето со последиците од економската криза предизвикана од коронавирусот!

Филипче му измери температура на Заев: Имам температура 36,5

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче денеска беа во...

На фотографијата се гледа дека Мисајловски и останатите на средбата не ги почитуваат мерките за физичко дистанцирање, ниту пак носат заштитни маски.

(Фото) Мисајловски и Тони Михајловски без маски во кафуле во Куманово

Носителот на листа во ИЕ 2 на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски, со кандидатот за пратеник...

Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!
Да да борбата тука е за воздух!
Умирањето тука не е процес!

Доктор од Инфективна: Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород!

Гоце Марков е медицинско лице од внатрешноста на Македонија, а на својот Фејсбук профил...

ќе остане запишано дека на 15 јули НАРОДОТ што тагува кога ВЛАСТОДРЖЦИТЕ слават се побунил и го урнал режимот на Заев Први Преспански, додава Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова: Македонска Преспанска трагедија

Професорката Гордана Силјановска Давкова по повод две годишнината од Договорот од...