Ми се јавија од полициска станица ,,Ново Лисиче". Да ги пофалам полициските службеници и МВР за нивната ефикасност и професионалност. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 октомври, 2019 12:36

ЈОЦИ: Ќе победам во војната- Кежаровски повикан во полициска станица, заработи пријава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако утринава новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на својот Фејсбук профил напиша дека врз неа е направено насилство од страна на новинарот Томислав Кежаровски, сега ја информираше јавноста дека тој бил повикан на разговор во полициската станица во Ново Лисиче.

Фејсбук статус на новинарката Јорданка Ивановска Јоци

Ми се јавија од полициска станица ,,Ново Лисиче”. Да ги пофалам полициските службеници и МВР за нивната ефикасност и професионалност. 

По поднесената пријава за малтретирање, Кежаровски, е повикан на разговор, а случајот е испратен на суд.
Нивната работа е завршена.

Останува да се произнесат од Секторот за интернет криминал и дигитална форензика при МВР околу сајбер заканите на Марина и Томислав Кежаровски, изречени на нивни профили – пред и по малтретирањето на јавна површина: ,,едвај чекам да те ,,гушнам”…не знаеш со кого си имаш работа….ќе зборуваме со поинаков јазик….вториот пат ќе биде поинаку….”

Јас сум правно многу едуцирана. И точно ги знам црвените линии.
Мора да има ред.
Пресметки по улици и јавни закани се недозволиви, напиша Јоци на својот Фејсбук.

Инаку Јоци на јавноста и е позната по тоа што секогаш е гласна во нејзините ставови на социјалните мрежи кога станува збор за политиката во нашата земја.

Морам да се заштитам, а ова е институционалниот начин.Како МВР ќе постапи по ова, не знам.
Мое е да пријавам. Со материјални докази.Јас не се служам со чаршиски муабети од типот ,,овој кажа она, тој кажа ова”. Тоа не важи во правна држава, ако се стремиме кон ЕУ и навиваме за тоа. Секој може да каже сешто, но тоа се муабети сретсело.Јас им однесов материјален доказ.
А, само тоа на суд важи плус сведоци.Се` друго е ,,чаршија” и не се зема во обзир, стои во нејзината објава на Фејсбук од утринава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Поранешниот премиер кој е во бегствово Будимпешта истакна дека новото обвинение за 27 април исто како и претходното е политички мотивирано и конструирано.

Груевски: Не сум давал наредби за упад во Собранието на 27-ми април

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски се огласина својот Фејсбук профил...

Иран има ракети со дострел таман до Скопје.Америте не успеаја да ги пресретнат. Им паднаа у тавчињата со грав во авиобазите. Како бе Дане ние ќе ги пресретнеме? Со што бе Дане? Ќе ги испрскаме со пестициди против комарци, да зарѓаат во лет? Со што ќе ги пречекаме бе Дане? Традиционално со слатко од смокви?
Дане една таква интерконтинентална ракета да рсне во Центар, трајно ќе го реши проблемот со паркирањето.

Сашо Тасевски распали на Фејсбук: Иран има ракети со дострел таман до Скопје

Познатиот македонскиактер Сашо Тасевски на Фејсбук ги искоментира заканите на кандидатот...