Влез за кучињата придружници ќе биде дозволен  во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2019 11:34

ЈСП дозволи влез на кучиња придружници во автобусите за лицата со попреченост

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ЈСП Скопје денеска соопшти дека било одлучено да им се излезе во пресрет на лицата со посебни потреби и заклучно од денеска ќе им биде дозволено јавниот превоз да го користат со помош на куче придружник.

Лицата со попреченост ќе можат да се возат со куче придружник во автобусите на ЈСП и со жичницата

Влез за кучињата придружници ќе биде дозволен  во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. Ваквата одлука како што соопштуваат од ЈСП била донесена бидејќи кучињата придружници се од голема помош на лицата со попреченост. Од ЈСП апелираат до останатите граѓани да се воздржат од било какви негативни коментари, бидејќи кучињата придружници кои ќе бидат со лицата со попреченост се дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица.

-Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности. Апелираме и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа автоматски да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп. Ги повикуваме сите корисници на нашите услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи во предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица, се наведува во соопштението на ЈСП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

По потпишувањето на Договорот Харадинај изјави дека неговата и партијата на Ахмети денеска „успеаја да ги обединат најдобрите експертизи за една развојна програма за земјата“.

Харадинај и Ахмети потпишаа договор за предизборна коалиција

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај...

Митановски истакнува дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Поранешен пратеник објави шокантни информации: Синот на Катица Јанева директно инволвиран во “Рекет”

Веле Митаноски кој е поранешен пратеник во македонското Собрание, објави шокантни...

Изминатиов викенд Љубомир Спасиќ зема учество во последниот натпревар сезонава кој се одржуваше во Чешке Буџејовице, каде што се сумираа резултатите од сите овогодишни трки. Претходно тој се натпреваруваше во натпреварите за Европски куп и во Македонија, Словенија, Германија, Шпанија и Италија, по кои заврши прв во генералниот пласман во конкуренција на повеќе од 200 кајакари од 17 европски држави.

Љубомир Спасиќ е првиот Македонец кој освои Европски куп во кајак! (ВИДЕО)

Љубомир Спасиќ  од Велес е првиот Македонец што го освоил Европскиот куп во дисциплината...