
Македонија
Сообраќај
ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие објавен е огласот за вработување, но во него не стои колку лица ќе се вработат.
Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување.
Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА АВТОБУС (ЈАВЕН ПРЕВОЗ)
Потребни квалификации:
· Минимум завршено средно образование (IV степен);
· Флексибилност за работа во смени;
· Професионално однесување;
· Возачка дозвола Д категорија;
· Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
· Работно искуство од минимум 2 години.
Работни услови:
· Работно време: 40 часа неделно;
· Работното време се организира во три, односно четири смени (двосменски и двократно) и директно зависи од возниот ред на соодветната линија;
· Пауза во зависност од возниот ред на секоја линија;
· Со право на бенефициран стаж
Со пријавите на огласот кандидатите треба да достават:
– Диплома за завршено образование;
– Копија од возачка дозвола Д категорија;
– Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Потребната документација да се испрати најдоцна до 02.10.2023 год!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.