Прекрасен гол на Енес Барди

Објавил: Македонка Димкин | 10 септември, 2023 9:52

Јуначки реми на Македонската репрезентација

Фото/Текст извор: ©МТВ

Фудбалската репрезентација на Македонија уште еднаш покажа дека знае како да игра против Италија, вчера одигра 1:1 на Националната арена „Тодор Проески“.

Голот за Македонија беше дело на Енис Барди и тоа од слободен удар во 81-та минута и ги испрати Аѕурите со горчлив вкус.

Претходниот натпревар меѓу Македонија и Италија беше во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 кога Александар Трајковски во судиското продолжение во Палермо ги шокира Аѕурите.

Секогаш сум зборувал дека оваа банда секогаш прави нешто големо. И порано го направивме ова и мислам дека некогаш ни фали да веруваме дека можеме многу да направиме. Македонија е мала држава, но има 11 срца кои гинат на терен, и тие што влегуваат во игра и тие што се на клупа. Цела репрезентација мора да биде гладна како што беше на мечот со Италија“, изјави Барди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.