Тој пред десет години се раздели од Адријана Алачки со која има две деца. Последниве шест години е во врска со новинарката Маријна Дојчиновска, познато лице од ТВ екраните.

Објавил: Сара Фемина | 24 јануари, 2021 14:54

Љубовта на Алачки: Марина за првпат проговори околу нивната врска

Фото/Текст извор: ©галама

Горан Алачки е познат како музичар кој македонската музика ја промовира насекаде низ светот. Тој на социјалните мрежи често споделува спомени од музичките семинари кои ги правел во многу земји.

Тој пред десет години се раздели од Адријана Алачки со која има две деца. Последниве шест години е во врска со новинарката Маријна Дојчиновска, познато лице од ТВ екраните.

Марина неодамна реши да ја напушти водителската професија и да се обиде во нов бизнис во кој Горан ја поддржа.

Телевизијата ја одбележа мојата професионална кариера, и после 20 години на ТВ-екраните, разделбата беше навистина драстична промена во мојот живот – екранот да се замени со бизнис-секојдневие.

Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година!

Понекогаш ми недостасуваат студиските светла, не велам не – но секојдневно сè уште добивам сатисфакција, дека сум правела нешто правилно и важно за сите нас.

Кога ми приоѓаат на улица луѓе што не ги познавам, за да ми кажат дека не пропуштиле ниту едно издание на „Македониум“, и дури запамтиле некоја јавно искажана мисла или актуелна дефиниција на реалноста во тој миг“, изјави Дојчиновска во интервју за Слободен печат.

Таа рече дека во во 2012 година ја основала нејзината компанија – „Хунза Веда“ со една единствена цел – да се донесе маслото од Хималаите до Скопје.

„За изминативе седум-осум години, работевме на тоа најскапоцениот продукт од кралството Хунза – маслото од семка од кајсија, да стане достапно во скоро секоја аптека и продавница за здрава храна низ Македонија, но и пошироко во регионот.

Во истото интервју, таа зборуваше и за својата љубов со Горан Алачки, и тоа за првпат отворено!

Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје. Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.

Едно големо НЗС е нашата година на раѓање – генерација 1965, тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот. Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Во хотелите најбарани се тридневните празнични аранжамни, а она за што најмногу се интересирале гостите пред да резервираат е времетраењето на полицискиот час и безбедносните протоколи.

Туристите го наполнија Охрид

Велигденските и првомајските празници го раздвижија Охрид. Домашните туристи, но и...

Ексклузивниот ресторан Камник е популарен по дивечот кој го имаат на менито, како што е гулаш од срна, колбаси од мечка а и добри вина од нивната приватна винарија.

ФОТО: Гулаш од срна или колбаси од мечка. Што ќе јадат Заев и Вучиќ во Камник?

По примопредавањето на вакцините на граничниот премин Табановце Зоран Заев и Александар...

Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.

Со златен прстен со дијамант Костадин ја запроси девојката

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов ја запроси својата девојка Марија...