Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година, напиша на социјалните мрежи Љубчо Георгиевски, поранешниот премиер на Република Македонија.
Група интелектуалци од Република Бугарија и од нашата земја, преку отворено писмо вчера изразија, разочараност и длабока загриженост од објавената „рамковна позиција” на бугарската влада за преговорите на Република Македонија за идното членство во ЕУ.
-Го сметаме ова враќање на јазикот на национал-комунизамот за апсолутно недопустиво. Ги сметаме како разумни утврдените услови за забрзување на работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и постигнување на побрзи резултати од неа, како и за поголем општествен одѕив од нејзината работа.
Го сметаме навистина наумесно, веќе постигнатите договори да се одразуваат во различни информативни табели со историска насоченост, во наставни програми во одредени дисциплини на училиште, на споменици, плочи, гробишта и сл., како и во изјави и коментари на државници, политички фигури и медиуми, поврзани со одразување на историски настани.
Заедно со тоа, не може да не констатираме дека целокупниот тон на таканаречената „рамковна позиција” кон Република Македонија е недопустлив, се посочува во писмото. Потпишано од историчари, економисти, политичари, новинари.., во него, се наведува. се содржат редица загрижувачки и проблематични барања, како тоа за „заедничката историја до 1944″ година.
-Всушност, денешна Бугарија и денешна Северна Македонија се еднакви наследници на вековната култура и цивилизација. Затоа, ние го осудуваме поимот „кражба на историјата”, честопати користен од некои националисти од обете страни, се наведува во документот. Интелектуалците со критика и за барањето во учебниците во оригинал да се користат историските извори од 19-от и 20-от век.
-Со оглед на горенаведените хронолошки рамки, во овој случај очигледно е дека не станува збор за грижа учениците во Бугарија и во Македонија да се запознаат со оригиналните историски дела. Ова е насочено само кон едната од двете земји со нескриени подалечни цели, оценуваат потписниците на писмото. Но, најзагрижувачко е, се додава, што рамковната позиција на бугарската Влада го потврдува потценувачкиот однос кон политичкиот и културниот идентитет на Република Македонија.
-Негирањето и понижувањето на македонската култура што се создаде во последните децении може само да поттикне омраза кон Бугарија. На овој начин, бугарската рамковна позиција, наместо да ги зајакне нашите односи, засновани врз нашата заедничка историја, ќе создаде нова поделба кон сомнежот и непријателството. Сето ова е длабоко вознемирувачко и го доведува во прашање севкупниот развој на преговорите во иднина. Наместо да ставиме ултиматуми, би сакале уште еднаш да потенцираме дека треба да има поактивна бугарска политика, стои во деклрацијата.
Интелектуалците од двете држави прашуваат кога ќе има дописници за БНР и БНТ во Скопје, зошто не се прават заеднички проекти финансирани од Бугарија, колку години е потребно за да се направи железничката пруга Софија – Скопје, зошто да не гледаме бугарска телевизија во Скопје и македонска телевизија во Софија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.