Дали има вистина во легендата дека Љубчо бил повикан во таа амбасада, каде што бил советуван да го предложи Ден Дончев како заедничко кадровско решение со Обединети за Македонија?

Објавил: Стојче Бушин | 15 мај, 2020 0:41

Љубчо, кажи кој ти го наметна Ден Дончев – да не беше случајно по муртинска линија?

Фото/Текст извор: ©Плус инфо

Да се потсетиме на еден скорешен Фејсбук статус на Љубчо Георгиевски, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, објавен ден по оставката на Ден Дончев на позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија:

„Бранко Героски, да биде поинтересен, напишал – Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара.

Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму, каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија. Повторно се појави пред изборите во 2016 година и ни во една од партиите немаше расположение за него.

Но, ни беше наметнат од страна. Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но, тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Бранко Героски. Од изборите до пред еден месец очи му немам видено. Инаку, по логиката на Героски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава – кадарот на Георгиевски“.

Немам причина да се сомневам дека она што го напиша Љубчо Георгиевски за Ден Дончев е точно. Вклучувајќи го и она „потцртаното“.

Но, јас, како и многу други луѓе на Фејсбук, тогаш го прашав Љубчота јавно да каже кој му го наметнал Ден Дончев и зошто. Колку што ми е познато, до ден денес Георгиевски нема одговорено на тоа прашање.

Со оглед на фактот што Ден Дончев е во оставка и е под истрага, а наближуваат и избори, на кои Љубчо Георгиевски пак е на истата страна како во таа 2016 година, што ќе рече постои реална опасност некој да го „повтори делото“, односно пак на Георгиевски да му наметне некое чудно кадровско решение – потцртувам, можеби пак од повеќе фактори! – би сакал токму Љубчо, човекот кој се осмели прв да проговори за независна Македонија во време кога за тоа можеше и глава да летне од рамена, сега да собере смелост и чесно да ни каже кој тогаш му го наметна Ден.

И еве, пак ќе се направам интересен, па јавно ќе се обидам да ја освежам Љубчовата меморија, со две легенди кои се прикажуваат во кулоарите во врска со тоа „наметнување на Ден“.

Првата легенда е дека главниот фактор што на Љубчо му го наметнал Ден Дончев како кадровско решение е по потекло од Муртино. Познато е дека Муртино не е само родно место на Ден Дончев, туку и на други видни фаци од јавниот живот во Македонија.

Наметнат по муртинска линија, вели легендата, Дончев доаѓа во старото јато со неочекуван мираз – директорското место на најбогатата државна каса после онаа буџетската. Имено, ФЗОМ годишно врти по околу 700 милиони евра.
Пари се тоа!

Легендата вели дека Љубчо Георгиевски не ни сонувал дека во коалицијата ќе добие толку важно директорско место, но веројатно знаел дека самиот тој од тоа нема да има никакво фајде. Нејсе, да не се секираме многу ние за Љубчовото офајдување, оти грев ќе нѐ фати. За Ден беше муабетот…

Втората легенда се совпаѓа со она „потцртаното“ од Љубчо: Ден му бил наметнат „од повеќе фактори од страна“. Хмммм… Прашувам, дали еден од тие фактори е една важна западна амбасада во Скопје?

Наметнат по муртинска линија, вели легендата, Дончев доаѓа во старото јато со неочекуван мираз – директорското место на најбогатата државна каса после онаа буџетската. Имено, ФЗОМ годишно врти по околу 700 милиони евра.
Пари се тоа!

Дали Ден Дончев ја спечалил наклонетоста на таа западна амбасада на тој начин што подолго време бил „профајлер“ на Никола Груевски, или по нашки, кодош кој на странците им давал податоци за слабите точки на Никола, за неговата финансиска ситуација и за личните и семејни прилики? 

Дали таа западна амбасада сакала да го награди и за снимките за аферата „Македонска банка“, што му ги даде на Зоран Заев?
Дали има вистина во легендата дека Љубчо бил повикан во таа амбасада, каде што бил советуван да го предложи Ден Дончев како заедничко кадровско решение со Обединети за Македонија?

Искрено очекувам Љубчо Георгиевски конечно да се огласи и на македонските граѓани отворено да им каже кој му го наметна Ден Дончев во таа 2016 година, кога никој не бил расположен за него.
Не би било убаво да помислиме дека Љубчо не сака да ни каже затоа што можеби има потреба нешто да скрие од јавноста или, не дај боже, е под притисок некого да заштити од мечот на правдата. Скраја било…

Бранко Героски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Сега Грција нема проблем, бидејќи Заев и Димитров „им го решија“ со потпис на преспанскиот – но проблем има Бугарија кој Заев и Димитров го прифатија, исто така со потпис на договорот за т.н. добрососедство.

Дурловски: За чии интереси работи владата на СДСМ?

Македонија е земјата која треба да се откаже од македонското малцинство во Бугарија...

После може нивниот Самка Ибраимовски да го изберат за претседател на СДСМ. Стојанче Цреп да им биде потпретседател и министер за одбрана.

ЛАТАС: Венко Филипче е единица мерка за корупција и непотизам

Помина денот на Власите, а техничкиот Оливер Спасовски не им го честиташе етничкиот...

Мизерни пакети за сиромашните, но нов мерцедес од 250 илјади евра за Заев, ваучери за оние со бедни плати, но стотици илјади евра за роднинскиот картел од непостоечкото СЈО.

Муртинскиот Минхаузен

Античката митолошка мудрост не учи дека не им се верува на Данајците дури и кога дарови...

Така што, „свети Филипче“, најди си друг начин за решавање на проблемот кој самите го создадовте, бидејќи овој лек што сега го предлагате е поопасен од самата болест.

ЈАНЕВСКИ: Карантинот за Рамазан Бајрам е класична местенка за Чулев и ВМРО-ДПМНЕ!

Веројатно не треба многу да се елаборира дека карантинот од сабота до вторник наутро,...