Љупчо Зиков предложен за директор на МЕПСО !

Објавил: Узунов Бобан | 25 јули, 2019 11:08

Љупчо Зиков пред две години поднесе оставка од директор на МЕПСО со “среден прст”, сега повторно предложен за директор !

Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарот и директор на неделникот „Капитал“ е предложен за директор на финансии и комерција во МЕПСО, објави „Фокус“. Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.

Тој и претходно беше предложен за оваа позиција но во август 2017 година,  поднесе оставка поради силните реакции на јавноста поради тоа што Зиков важеше за силен поддржувач на политиките на Груевски. Во својата оставка во 2017година  преку фб статус за неговите критичари тој напиша :

Им благодарам и на оние кои се истрчаа да хејтаат и да ми се посерат на главата, па си го показаа своето вистинко жално лице … Ним средниот прст

Фејсбук статусот на Зиков од 2017 година:

-Потполно сум свесен дека цената што се плаќа при прифаќање на ваква функција е висока! Јас бев решен да ја плаќам континуирано низ месеците и годините нанапред, силно посветен на остварување на визијата и мисијата на компанијата и владата со целото мое знаење, посветеност и професионалност. Исто така како што го градевме Капитал и усте четири други мои фирми во минатите 18 (осумнаесет) години. Мегу кои едукациски центар Концепт за бизнис образование и други фирми… Но, не можам таа цена да ја плаќам уште не влезен во зградата на мепсо. Тоа едноставно не е фер. Затоа “идемо далје” … светот нити почнал нити ке заврши со мепсо 🙂 Еве го местото е слободно ајде колете се да го земете :)) Им благодарам на сите мои пријатели кои честитаа на изборот и цврсто застанаа зад мојата прва одлука … Им благодарам и на оние кои се истрчаа да хејтаат и да ми се посерат на главата, па си го показаа своето вистинко жално лице … Ним средниот прст! “, напиша Зиков.

Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот „Капитал“, а беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести