Сево ова ќе доведе до ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА и социјални тензии, и партиите кои се убрзувачи на овие процеси не можат да дадат одговор! Повикуваме на оставка на министерот Љупчо Николовски

Објавил: Сара Фемина | 15 јуни, 2022 17:29

Љупчо Николовски да поднесе оставка поради манипулирање со сточарите и земјоделците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој во минатиот состав на Владата беше задолжен за спречување на корупцијата, во февруари вети исплата на субвенциите за сточарите. Сега, на прагот од летото, сточарите немаат добиено ниту денар од предвидената помош која им ја ветуваше Николовски.

Од Здружението на сточари Агро Центар, веќе најавија излегување на протест, доколку субвенциите не се исплатат веднаш.
 
Љупчо Николовски е само еден од челниците на Владата на СДСМ и ДУИ, кој континуирано манипулира со судбината на работниците и земјоделците, во услови на тешка економска криза.
 
На 8 февруари 2022 година, Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за тековната година. Веднаш, одгледувачите на овци го изразија своето незадоволство со одлуката на министерот Николовски, со која вредноста не главната мерка за одгледување на овца се намали од 1 300 денари на 1 000 денари.
 
Пред месец дена, до министерот Николовски пристигна реакција и од Здружението на свињарски фарми во Република Македонија, како реакција за исплатите од интервентниот фонд кои им ги кратат редовните исплати од субценциите.
 
Една од причините за незадоволство на сточарите се однесува на претходно договорената сума од 1 300 денари со тогашниот министер Аријанит Хоџа, што дополнително укажува на вистинските мотиви и идеолошката насока во која се движи владејачката гарнитура. Првично преку ветувања, по кои следат кратења на средствата кои ќе одат во корист на народот.
 
Во екот на најголемата економска рецесија во минатите петнаесет години, продолжува да се ниже низата на скандалозни дејствија на владата на СДСМ и ДУИ насочени против обичните граѓани. Сегашната кризна рамка, во поглед на економијата и енергетиката, се надоврзува на претходната предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а ќе биде увертира на општата кризна состојба во поглед со храната која се прогнозира за следната зима.
 
Сево ова ќе доведе до ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА и социјални тензии, и партиите кои се убрзувачи на овие процеси не можат да дадат одговор! Повикуваме на оставка на министерот Љупчо Николовски, како и на Владата, за да се запре преминувањето на сегашната криза на грбот на обичниот народ.
 
Како и претходно, Левица апелира до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата да запре извозот на житни култури од Република Македонија, со цел сточарите да можат да ја обезбедат потребната храна за своите фарми. Дополнително, да се исплаќаат навремено субвенциите за да може да се плати и сточната храна.
 
Сточарите СЕУШТЕ НЕМААТ СУБВЕНЦИИ, и покрај ветувањата на Љупчо Николовски!
 
Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...