Екстрадиција од Турција денеска

Објавил: Калина Мартинска | 15 мај, 2024 19:33

Љупчо Палевски Палчо на пат кон Шутка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со комерцијален лет на „Turkish Airlines“ вечерва се очекува да биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо. Под посебни протоколи и во тајност, Турците сакаат првоосмничениот за двојното убиство да биде спроведен во Македонија, дознава Скопје 1 од извори во МВР.

Тој ќе биде спроведен директно во затворот Шутка, каде што, според информациии на Скопје 1, веќе се пристигнати од специјалнната единица Тигри. Тој ќе биде сместен во притворското одделение бидејќи уште првиот ден кога беше пронајдено телото на Вања му беше веќе му е одреден 30-дневен притвор, а неофицијално и таму за него ќе важат посебни безбедносни протоколи.

Палевски е обвинет за две тешки дела: „киднапирање“ и „брутално убиство“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот.

Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.

ДЕСНА потврдува дека Палчо е во авионот на „Turkish Airlines“

„Љупчо Палевски Палчо се наоѓа во авион на TURKISH AIRLINES од ISTANBUL лет број TK 1005. Очекувано време на слетување ETA е во 19:30 часот на меѓународниот аеродром Скопје“ соопштија на ФБ станицата на политичката партија ДЕСНА чиј претседател беше Љупчо Палевски Палчо.

Тој беше сменет од партиската функција на 16-ти јануари годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.