Министерот за култура, Зоран Љутков, денеска одржа прес-конференција на која посочи дека култната Универзална сала станала ничија и не се знае кој управува со нејзе, а ниту под чие владение е.
Тој најави кривични пријави затоа што Министерството за култура незаконски ја преземало.
„Ние како министерство, како владина институција, по закон не можеме да финансираме или да градиме објект што е локална установа. Уште малку имаме да за да ги финализираме работите и ќе ја кажеме точната ситуација за Универзална сала, на посебна прес-конференција ќе ја појасниме постапката од почеток до крај за да не бидат во заблуда ни граѓаните, ниту институциите“, изјави министерот.
На прашање против кого се ќе биде поднесена кривичната Љутков немаше конкретен одговор но од кривичен прогон не ја исклучува неговата претходничка Бисера Костадиновска Стојчевска, во чие време беше преземена Унивцерзална сала.
Љутков рече дека ќе продолжи изградбата на Универзална сала во Скопје и уверува дека до крајот на 2028 година таа ќе биде повторно функционална.
Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за времено предавање на ингеренциите за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура. Потоа на владина седница беше усвоена информацијата за пренесување на правото на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала, од Град Скопје на Министерството за култура.
Универзална сала е изградена како резултат на светската солидарност и помош по земјотресот во 1963 година.
Реконструкцијата на објектот ја започна Петре Шилегов во 2021 година, но потоа Данела Арсовска го стопираше целиот проект со објаснување дека е небезбеден.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.