Во исто време обвинува дека за шест години на владеењето на Рама нема ниту една директна странска инвестиција.

Објавил: Перо Милчин | 19 август, 2019 11:09

ЉУЉЗИМ БАША: Рама најкорумпиран премиер на Балканот!

Фото/Текст извор: ©миа

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, денеска сподели видео-порака во која наведува дека сите „меѓународни извештаи укажуваат на Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот“.

Баша го обвинува својот опонент дека ја ограбува Албанија со банда олигарси, како и за перење пари од дрога и криминал.

-Сите меѓународни извештаи го вперија прстот кон Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот. Тој ја ограбува Албанија со една банда олигарси и пере пари од дрога и криминал. За да ја заштити својата банда, Рама ги протера странските инвеститори и ги замени со своите клиенти, наведува Баша.

Во исто време обвинува дека за шест години на владеењето на Рама нема ниту една директна странска инвестиција.

-Ниту една странска инвестиција не донесе психичкиот крадец во Албанија за 6 години. Албанија и Северна Кореја се единствените земји на планетата без нови странски инвестиции во последните 6 години. Без странски инвестиции нема економски развој, нема нови работни места, нема просперитет, посочува тој.

Странските инвестиции, нагласува Баша, се задолжителни за секоја земја.

– Рама оди си. Албанија како Европа, ја завршува Баша видео пораката.

Баша претходно најави дека обединетата албанска опозиција во септември ќе продолжи со националните протести, додавајќи дека обрачот околу премиерот Еди Рама се стеснува и оти „времето да се поднесе сметка се приближува“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тогаш тој изјавил  дека не изгубил пациентка во 43 години колку што вршел абортуси.

Полицијата влезе во домот на лекар по неговата смрт: Сопственикот на клиника за абортуси чувал нешто ужасно

Американската полиција остана во шок откако направи претрес во дом на лекар по неговата...

Во таа аудио снимка порачува лидерот на Исламската држава и предупредува дека се во тек нови операции на неговата организација.

ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА НАГОЛЕМО СЕ СПРЕМА ЗА НОВИ НАПАДИ: Првиот човек на Исламистите со ШОК порака ги откри следниве МЕТИ

Медиумската мрежа на Исламската држава емитуваше денеска ауди порака за која се тврди...

Меѓу жртвите има жени и деца, пренесува „Раша“, додавајќи дека бомбата била прикачена на полициски автомобилот што се наоѓал во близина на митингот.

АТЕНТАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АВГАНИСТАН? 24 мртви при експлозија за време на говорот на Гани

Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се повредени кога експлодира бомба во близина на...

Инаку, Горјачев ова го прави секоја година на Денот на трезноста според Руската православна црква, почнувајќи од 2006-та. Сепак, изминативе години користел „поблаги методи“, како надлетување на градот со икона на Пресвета Богородица од 19. век, за која се верува дека лечи од алкoxoлизам и други зaвиcнocти.

ВАКА СЕ ЧУВА НАРОДОТ ОД ПОРОЦИ: Руски свештеник попрска град со света вода – од авион

Вакво нешто има само во Русија – во градот Твер руски свештеник го попрскаа градот...