За нив е многу важно да Република Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 март, 2019 16:52

Љубе Бошкоски: Обединети за Македонија ќе го поддржат Пендаровски за претседател !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателството на Обединети за Македонија во својот состав донесе едногласна одлука да го поддржи заедничкиот кандидат за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Целокупниот состав на „Обединети за Македонија„ смета дека во овие значајни моменти за Република Македонија, од многу големо значење е обединувањето, чија цел се заедничка изградба на стабилно и економски развиено општество.

„Поддршката на кандидатот зад кој, патем, застанаа триесетина политички партии, за ОМ претставува и продолжување на 2014 и доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво“, велат од партијата чијшто основач е Љубе Бошкоски.

За нив е многу важно да Република Македонија, добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе соработува со извршната власт, ќе гледа кон иднината за државата, се вели во нивното соопштение.

На 29 мај 2009 во Скопје се одржува основачко собрание на партија „Обединети за Македонија“. Нејзин основач и лидер е Љубе Бошкоски. Партискиот симбол е црн лав поставен на жолто златен штит, кој претставува хералдичка стилизација на традиционалниот земски грб на Македонија.

Обединети за Македонија е основана од страна на Љубе Бошковски во 2009. Во 2008 година, Бошкоски се враќа во Македонија од Шевенинген, ослободен од обвинение од Хашкиот суд за воени злодела.

Набргу потоа Бошкоски не можејќи да најде заеднички јазик за соработка во рамките ВМРО-ДПМНЕ, тој се дистанцира од партијата и на претседателските избори во 2009 настапува како единствен независен кандидат, промовирајќи се и како критичар на власта и Никола Груевски и освојува околу 150 илјади гласови.

По изборите Бошкоски ја формира Обединети за Македонија.

Мисијата на партијата е да го подобри животот на сите граѓани и во најбрз можен рок да се оствари членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Честитајќи им на „ренџерите“ на новите реновирани простории министерката изрази задоволство што добиваат подобри услови за работа и што тоа значи нов чекор во подобрувањето на стандардите во Армијата.

Армиските ренџери добија нови реновирани простории

Министерката Радмила Шекеринска денес во касарната „Илинден“ го посети реновираното...

Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години.

Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине 7 милијарди

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари...

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 март (четврток)...

Од почетокот на 2020 година – 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

ВО ТЕКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА – 446 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека минатата година беа реализирани 446 нови...