Норвешката смрека од 23,5 метри, купена како фиданка пред 60 години, е поставена беше вчера во центарот Рокфелер во Њујорк.
Керол Шулц ja купила садницата во 1959 година и ја чувала на маса. Таа го засадила дрвцето во нејзиниот двор по Божиќната сезона и го гледала како расте, пренесува АП.
Шулц и нејзиниот придружник Ричард О’Донел се пријавија на веб-страницата на Рокфелер Центарот во 2010 година и го “кандидираа ” дрвото. Пред неколку месеци, дознаа дека токму нивната смрека е избрана за најпознатата новогодишна елка на светот, пишува Канал 5.
Дрвото е пресечено во четвртокот и со кран натоварено на камион.
Церемонијата на осветлување на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември.
Ланската елка, исто така, норвешка смрека, беше висока 23 метри и тежеше 17 тони
.Првата елка пред центарот Рокфелер е подигната во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собрале пари и купиле елка висока шест метри, што потоа ја украсиле.
Две години подоцна, Центарот Рокфелер одлучи да направи традиција од тоа и го одржа првото официјално осветлување на елката во 1933 година.
http://https://www.youtube.com/watch?v=DpnPgmr6UWM&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.