Оваа студија анализира дека барем на почетокот на март беа воведени мерките за заштита, наместо на средината на месец март, во тој случај 36.000 Американци помалку ќе беа жртви на вирусот, што е речиси третина од досегашните 95.000 смртни случаи од корона вирусот во САД.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2020 17:21

„Њујорк тајмс“: Ако мерките беа воведени две недели порано ќе спасевме 54.000 животи во САД!

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Доколку мерките за заштита беа воведени барем две недели претходно, во САД ќе беа спасени 54.000 лица. Ова е прогнозата според последата студија изработена од универзитетот Колумбија која покажува дека бројот на смртните случаи ќе бил помал од 36.000 до 54.000, објави „Њујорк Тајмс“.

До сега во САД се заразени речиси 1,6 милиони луѓе…

Оваа студија анализира дека барем на почетокот на март беа воведени мерките за заштита, наместо на средината на месец март, во тој случај 36.000 Американци помалку ќе беа жртви на вирусот, што е речиси третина од досегашните 95.000 смртни случаи од корона вирусот во САД.

Њујорк Тајмс наведува дека Трамп на почетокот негираше и беше тврдоглав во врска со вирусот корона, и дека доцна ги воведе мерките за заштита

Вашингтон, во која беше регистриран првиот случај на корона вирус во САД, прогласи вонредна состојба. Јужна Кореја, Виетнам и други земји наредија агресивни мерки, но претседателот Трамп тоа не го стори. Тој рече на 26 февруари, што беше неточно, дека бројот на случаи значително се намалува, а не дека се зголемува. Тој веќе вети на 10 март – ќе помине. Само да бидеме смирени. Ќе исчезне. Некои локални лидери исто така продоложија да поттикнуваат вообичаено работење.  На почетокот на март, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, им рече на њујорчаните да го напуштат градот и покрај корона вирусот – пишува „Њујорк Тајмс“.

Во изјава за рестижниот весник, Џефри Шанман, шеф на истражувачкиот тим на универзитетот Колумбија, изјави дека тие неколку недели биле голема разлика.

Тоа кратко време во нормални услови беше клучно за вирусот во неговата фаза на ширење и е неверојатно клучно за намалување на бројот на смртни случаи – тврди Шанман.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...

Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

ТРАМП ПОТПИША УРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат и кријат!

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата...