Американските медиуми предводени од Њујорк Тајмс објавија дека синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило, е хоспитализиран поради зараза од корона вирусот.
Медиумите ширум Америка, од Калифорнија (Сан Франциско), Оклахома, (вести Охлакома), Флорида, известуваат дека претседателот Вучиќ на Инстаграм изјавил дека неговиот 22-годишен син Данило е хоспитализиран на клиника, во Белград.
„Кога сето тоа започна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првороден син е заразен со коронавирус. Неговата клиничка слика беше таква да мораше да биде примен на Клиниката за инфективни болести. Сине, ќе победиш. Те сака тато, сите те сакаме“, вели Вучиќ во објава на неговиот профил на Инстаграм.
Инаку, Данило Вучиќ е најстарото дете на претседателот Александар Вучиќ, од бракот со новинарката Ксенија Вучиќ.
Њујорк Тајмс наведува дека Данило е син на првиот брак на претседателот, додавајќи дека Вучиќ има и ќерка и уште еден син.
Исто така и многу весници во Африка ги објавија истите вести.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.