Вицепремиерот во Владата на Република Македонија кој е воедно и министер за политички систем, Артан Груби денеска има славеничка причина што го прави особено горд.
Неодамна од владини неофицијални извори, „Вечер.мк“ дознава дека пред три дена се случила физичка пресметка меѓу вицепремиерот Артан Груби и владиниот генерален секретар Драги Рашковски.
Нетрпеливоста меѓу нив двајца постоела од самиот почеток на новата влада кога Груби, првиот заменик на премиерот Заев, се вселил во добро уредениот кабинет на генералниот секретар.
Рашковски се бунел за ваквата постапка, но залудно.
Вчера тензијата кулминирала кога Рашковски одбил на Груби да му ги предаде сите клучеви од кабинетот, но и од помошните простории и кабинетскиот сеф, при што настанала гласна расправија, викање, кое, според неофицијалните извори на владини службеници, на крајот кулминирало со два-три удари кои вицепремиерот Груби му ги задал во пределот на вратот и главата на Рашковски.
Потоа биле разделени, а преку вработен службеник во секретаријатот Рашковски подоцна му ги пратил сите клучеви на вицепремиерот Груби, кој од вчера и официјално е сместен во довчерашниот кабинет на генералниот секретар.
Владината служба сега бара друга канцеларија за Драги Рашковски.
На 2-ри септември Владата ја официјализираше новата функција „прв вицепремиер“ која ќе ја извршува Артан Груби од ДУИ, а е дел од коалицискиот договор меѓу ДУИ и СДСМ.
За таа цел, на владината седница, специјално беше изменет Деловникот за работа на Владата, во кој е додаден зборот „прв“ пред функцијата „вицепремиер“, при што е прецизирано дека токму тој ќе го менува премиерот во негово отсуство.
Со тоа, Груби стана прв заменик на премиерот преку поедноставена процедура, со гласање на владата, наместо да се менува Законот за Влада, за што ќе требаше да расправа и гласа Собранието!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.