Анастасија Ражнатовиќ неодамна доживеала непријатна ситуација заедно со најдобрата другарка, кога при една посета на Париз била ограбена.

Објавил: Весна Петровска | 30 декември, 2019 15:14

ЌЕРКАТА НА ЦЕЦА МОРАЛА ДА ПЕЕ ЗА ДА СТИГНЕ ДО ХОТЕЛОТ – Анастасија доживеа голем ХОРОР во Париз

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ќерката на најпознатата балканска ѕвезда неодамна доживеа непријатна ситуација за време на патувањето во Париз.

Анастасија Ражнатовиќ неодамна доживеала непријатна ситуација заедно со најдобрата другарка, кога при една посета на Париз била ограбена.

-Неодамна бевме ограбени. Тргнавме на прошетка и на шопинг и само што тргнавме Анастасија беше ограбена. Ништо не беше страшно додека не се загубивме. Не знаевме да се вратиме во хотелот. Цело време се смеевме од мака.

Дојдовме до идеја да фатиме такси, но немавме пари за да платиме и сакавме да му објасниме дека сем ограбени и дека Анастасија же му пее за возврат.Дојдовме до такси, му објаснивме што се случило, а Анастасија цел пат му пееше, стигнавме до хотелот и сакавме да му платиме, но тој не зема пари, раскажала другарката на Анастасија.

За потсетивање, ќерката на Цеца живее заедно со своето семејство во вилата на Дедиње. Таа неколку месеци проба да живее заедно со нејзиното момче но таа најверојатно се предомислила и сфатила дека најубаво е кога си кај мама.

– Анастасија не се врати дома, бидејќи таа и не замина засекогаш, таа вест беше пренапумпана. Мојата куќа е засекогаш и нејзин дом. Каде и да е Анастасија, на кој било крај на светот, таа има своја куќа.

Секако, таа е назад кај мајка си, бидејќи нема подобро од кај мама, рече Цеца и ги затвори сите шпекулации за раскинувањето на Анастасија и враќањето „кај мама“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.