
Македонија
Вести
Вчера вечер Игор Дурловски направи невидена атмосфера со изведбата на македонската химна. Тој беше поканет на 49. „Гоцева – комитска вечер“ во Торонто.

Дурловски кој е еден од најпознатите оперски пејачи кај нас воедно е и еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, и беше претставен како почесен гостин од Македонија.
Тој буквално предизвика морници кога ја изведе и македонската химна.
Оваа прослава наречена „Гоцева вечер“, беше организирана од „Обединети Македонци“ од Канада, а се одржа во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во чест на роденденот (4 февруари 1872 година) на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.